Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец ќе избираме по еден студент од секоја академија – студент што ќе се истакнува како најпосветен и најупорен и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец октомври:

Елена Клисаровска, студент на Академијата за Full Stack програмирање

“Најмногу ме мотивира самото знаење и целиот процес на учење и совладување на концепти, особено оние потешките. Па така, постојано сум во потрага по нови предизвици и правци кои би сакала да ги истражам и научам. На Академијата освен многу „најинтересни работи“ не научив друго и затоа нема една или две или три интересни работи. За мене, се што учиме тука е ново, а концептот на учење е толку напреден и усовршен што јас повеќе се чуствувам како да сум вработена и работам на проекти, отколку дека сум студент и учам на академија. За 5 години сакам да бидам како Ивица 🙂 Инстркторот кој ме воодушевува со колкава љубов го работи тоа што го работи, начинот на кој им пристапува на проблемите и ги решева, како и способноста да погледне 1000 реда код и веднаш да забележи и најмала грешка во него. За себе можам да кажам дека сум упорна, посветена и најјака страна ми е организација и time management.” – ни кажа Елена.

 

Влатко Тучев, студент на Академијата за Data Science

“Со самото повторување на она што сум го учел вчера, истото ќе го знам подобро утре. Флексибилноста е многу поголема кога имаш повеќе знаење и ти останува само креативноста да дојдеш до нова иновација. Постојано учам бидејќи тоа ме исполнува како личност, крајот од денот да го завршам со ново знаење. Упорен, амбициозен, внимателен. Сакам да читам книги и да слушам podcast. Со самото читање на книги и слушање podcast (especially Joe Rogan) константно си го збогатувам знаењето и ја одржувам психичката стабилност. “Train your brain like you train your body in the gym”.” –  ни кажа Влатко.

 

Тина Спировска, студент на Академијата за дигитален маркетинг 

“Пристапот на предавачите и начинот на кој е креирана програмата ме мотивира постојано да учам и да се интересирам повеќе за маркетингот. Дарко Булдиоски е инструкторот кој ми остави најголем впечаток,  поради неговата брутална искреност и максимална посветеност на групата и на нашиот напредок. На работите што ги учиме им наоѓам практична употреба, а најмногу ме радува тоа што гледам дека развивам нова вештина. Иако студирам нешто во сосема друга област, дефинитивно за 5 години би сакала да бидам успешен маркетер. Оптимист, упорна и трпелива се три зборови кои најдобро ме опишуваат.” – ни кажа Тина.

 

Росана Милеска,  студент на Академијата за Software testing

“Животот е полн со предизвици. Секојдневното движење на технологијата напред носи многу предизвици со себе, секојдневното соочување со тие предизвици ми е најголема мотивација за континуирано учење. Како најинтересна работа од академијата можам да го издвојам Автоматското тестирање и инструкторот кој ни ко предаваше тој модул, Димитри Желков. Сметам дека имам добра основа за Автоматското тестирање понатаму да биде моја секојдневна работа. Трите зборови со кои можам да се опишам се упорна, амбициозна и флексибилна.” – ни кажа Росана.

 

Марија Мишева, студент на Академијата за Графички дизајн

Mотивација наоѓам во најразлични работи. Но, дефинитивно, неуспехот ме мотивира најмногу. Секоја погрешна работа или одлука во одреден момент , ми е голема мотивација за понатака. Најинтересната работа што ја научив низ целиот процес е дека никогаш не треба да си “cool”, треба да си многу внимателен, иии многу многу љубопитен. За себе би рекла дека сум лојална, hard worker, перфекционист и за 5 години сакам да бидам подобра од денес во тоа што го работам.” – ни кажа Марија.

 

Ивана Бешлиќ, студент на Академијата за Front-end програмирање

Одсекогаш сум била љубопитна како личност. Таа жед за нови искуства особено ја задоволувам кога ги применувам практично новостекнатите знаења. Моето мото е – човекот учи додека е жив, а човековиот “hard disc” има неограничена меморија да прими нови знаења. Огромни пофалби кон сите инструктори на Brainster, но морам да ја издвојам Благица која од самиот почеток е со нас и со цела нејзина посветеност, трпеливост и креативност ни ги постави фундаментите на веб програмирањето. За себе можам да кажам дека сум упорна, љубопитна, интроверт и перфекционист. Мојот перфекционизам понекогаш ми предизвикува главоболки, на добрата страна на нештата, не ми дозволува да се откажам се додека не го разрешам проблемот темелно.” – ни кажа Ивана.

 

Дамјан Колевски, студент на Академијата за UX/UI дизајн

“Најинтересни работи што досега ги научив на Академијата се изработка на прототипи во AdobeXD и изработка на анимирани транзиции во InVision. Мојата перцепција за инструкторите е дека најзабавен е Јане, најелоквентен е Ѓорѓи, најреален е Томи, најтехнички е Благојче и најуметник е Марјан. “Не мора да си врвен за да почнеш, но мора да почнеш за да бидеш врвен.” Една од мислите која ме мотивира во животот и исполнувањето на мојата цел за 5 години од сега да бидам Информациски Архитект. Никој не би претпоставил дека сe интересирам за Дизајн во Пермакултура.”



Ова се студентите кои покажуваа ентузијазам , иницијатива и наоѓаа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности . Со видна креативнод и самодисциплина ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно , но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на се што им беше зададено,при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во академијата и надвор од неа,при што останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно,уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како инструктори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!