Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
Секој месец ќе избираме по еден студент од секоја академија – студент што ќе се истакнува како најпосветен и најупорен и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.
Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец април:
Ирена Беловинов, студент на Академијата за дигитален маркетинг
“Брзината на развојот на дигиталниот маркетинг ми се најголема мотивација. Вложувањето во себе во ова врме на невреме е голем потик за чекорење кон иднината и градење на нашите индивидуи. Иако сме на пола од Академијата, до сега најмногу што ми остави впечаток се предавањата на Иван Ефремов, кој преку неговото знаење и практички вежби многу добро не научи како да креираме landing page, како и сите tips and tricks поврзани со истото. Дополнително морам да кажам дека Марко иако е најмлад, несебично го споделува неговото искуство со нас, не учи од неговите грешки за во иднина кога ќе наидеме на проблем да не го губиме времето и да знаеме да се снајдеме во секоја ситуација.
По завршувањето на Академијата планирам да се насочам на креирање веб страни и landing pages. Веднаш после предавањата на Иван се впуштив во изработка на веб страна. За себе можам да кажам дека сум искрена, прецизна и позитивна и за 5 години од сега се гледам како freelance senior wordpress developer и одличен маркетер.”- ни кажа Ирена.
Филип Манев, студент на Академијата за Full Stack програмирање
“Желбата за постојано учење воопшто не ја класифицирам како желба – повеќе би рекол дека тоа е створен принцип и пристап па дури и рефлекс кон животот кој не е толку различен од утринскиот појадок, инстинктивната претпазливост и одговорност во секојдневните активности – учењето според мене е една активност која едноставно мора да биде извршена на дневно ниво која многу малку се разликува од оние биолошки и физиолошки потреби и процеси во еден жив организам.
Најинтересно нешто кое сум го научил на академијата принципот на функционирање и работа во tech светот. Меѓусебната соработка и личниот инпут како неопходни во креирање на апликации кои до пред еден век би биле третирани како чиста магија. По завршувањето на академијата моите очекувања се целосна практична оперативност во web development и web applications сферата. При тоа, тука учењето не завршува, напротив, штотуку почнува. Чувство на реализација и исполнителност што се здобив со знаења и почетни искуства неопходни за нурнување во ова возбудливо поле каде начинот на работа, пристапот кон решавање на проблемите и безбројните суб-гранки на оваа дисциплина еволуираат на дневно ниво.Не би било фер да изберам омилен инсктруктор кога секој инструктор до сега бил извонреден на свој уникатен начин.
Елементи кои се содржат кај сите инструктори се: достапоноста, комуникативноста, способноста за пренос на знаење. Анастасија Давиткова ми ги постави темелите на критичкото размислување, структурна методологија и дисциплинираното пишување на код. Ивица Пешовски ми го даде blueprint-ot за аплицирање на прагматичност, објективно гледање на проблемот, размислување 5 чекори нанапред, како и ставот дека никогаш не постои едно единствено решение. Никола Кусибојоски се надоврза на неговите претходници и ми го урна ставот за одредени технологии, за кои до пред краток период сум сметал дека никогаш нема да ги разберам, а камоли владеам. Пред се чест ми е што ги имам запознаено овие маестрални личности, и се осеќам привилегиран што сум имал шанса да учам од истите. Извонредни луѓе.”- ни кажа Филип.
Едвин Лила, студент на Академијата за Software testing
“Она што најмногу ме мотивира да учам постојано е мојата амбиција да осознавам нови работи, никогаш да не се задоволувам со тоа што го знам и секогаш да бидам во тек со настаните за да одговорам на предизвиците од секојдневниот живот. Човек треба да учи и да се надоградува додека е жив. На Академијата научив голем број на интересни и нови работи за мене, а како најинтересна би го издвоил Автоматското тестирање, но и тоа што на Академијата инструкторите успеаа да ни вградат тестерски mindset којшто понатаму ќе ни биде од огромна корист.
Искрено, сите инструктори беа навистина најдобри, тешко е да се издвои некој меѓу нив, но сепак Маја Поповска и Моника Божиновска поминаа најмногу време со нашата група, и клучното знаење и дисциплина ја стекнавме од нив со оглед на тоа што одлично ни пренесоа знаење и вештини и несебично беа тука за нас во секое време. Исто така би го издвоил и Димитри Желков.
За 5 години би сакал да бидам најуспешната верзија на QA Engineer што би можел јас лично да ја достигнам. Да ги надминам своите очекувања и да го делам успехот со компанијата во која што би работел.”- ни кажа Едвин.
Дашмир Ибиши, студент на Академијата за Data Science
“Јас сум личност која наоѓа мотивација во сè. Најголемата мотивација ми е учењето на нови работи, и верувам дека со голема посветеност се подобро ги запознавам работите и го развивам своето знаење и сум на чекор до остварување на своите цели. Успехот бара време, многу работа и мотивација, и затоа мора да се мотивираме дури и наједноставните работи во животот, за да се постигнеме успех во животот. Интересно е што до денес научивме многу теоретски знаења од математиката и забележуваме дека повеќето работи можат да се направат преку софтвер, но скоро никогаш со вежбање.
Сега на академијата е многу интересен фактот дека задачите за кои рачно би било потребно многу време, сега со примена на соодветно знаење и алатки, односто со потребните податоци и упатства за кратко време можат да се добијат истите резултати со голема точност! Ефектот на технологијата ги фасцинира сите. Завршувањето на академијата не е далеку, но досега постигнавме многу. Јас сум задоволен од услугата обезбедена од тимот на Brainster и знаењето стекнато за време на овој курс. По дипломирањето на академијата, ќе работам напорно за да се вработам во една од најголемите компании за (машинско учење или анализа на податоци) и да го применам стекнатото знаење! И да напредувам понатаму во оваа насока. За 5 години себеси се’ замислувам како Senior Data scientist во една од најпрестижните банки во Швајцарија. ”- ни кажа Дашмир.
Петар Нича, студент на Академијата за Графички дизајн
“Постојаното учење, за мене, е неопходно не само поради новите можности и отворени врати туку мотивирачко поради тоа што се надоградувам себеси во различни полиња. Најинтересната работа што сум ја научил е важноста на прецизност во самиот дизајн. Со други зборови, самата креативност и имагинација на дизајнерот треба професионално да биде претставена во дизајнот. За 5 години сакам за бидам.. секаков дизајнер. 🙂 No guts – no story.”- ни кажа Петар.
Ирена Пешова, студент на Академијата за Front-end програмирање
“Желбата да се надоградам, можноста да го работам тоа што го сакам, како и стремежот да бидам подобра верзија од себе се мојата најголема мотивација. Се што учиме на академијата за мене е ново и интересно, нешто со што прв пат се среќавам, посветеноста и реализацијата на секој зададен предизвик ме исполнува. Исто така работата во тим, заедничкото учење, надополнување и решавање на задачите со колегите е нешто во кое уживам.
Благодарна сум на секој од инструкторите бидејќи сите безрезервно, несебично и со огромна трпеливост ни го пренесуваат своето знаење, но доколку морам да одберам еден кој ми оставил најдобар впечаток и од кого најмногу сум научила тоа би била Благица. Себеси би се опишала како упорна, принципиелна и перфекционист. За 5 години од сега се гледам како успешен Front end програмер, и секако задоволна од самата себеси бидејќи сум ја донела најдобрата одлука во животот”- ни кажа Ирена.
Ана Крстевска, студент на Академијата за UX/UI дизајн
“Мотивацијата да учам UX Design е резултат на мојот background во психологија и истражување. Ме инспирира изработката на продукти кои носат вистинска вредност за општеството. Најинтересниот дел за мене е комуникацијата со клиенти која ја имаме при реалните проекти, затоа што истовремено се изработуваат дигитални продукти за различни индустрии. Од овие часови и проекти очекувам да излезам со релевантно знаење и искуство кое ќе продолжам да го користам понатаму во мојата кариера.
Најмногу за UX процесот научив од Златан и Јане, кои често остануваа и прекувремено за да ни помогнат. Исто така ми се допаѓаше и работата со Барбара. За 5 години би сакала да сум навлезена уште подлабоко во оваа сфера, со проекти кои носат голема вредност за луѓе и организации. Меѓу други, карактеристки кои би ме опишале се перфекционизам, адаптабилност и емпатија.”– ни кажа Ана.
Ова се студенти кои покажуваа ентузијазам , иницијатива и наоѓаа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности . Со видна креативност и самодисциплина ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно , но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на се што им беше зададено,при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во академијата и надвор од неа,при што останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно,уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.
На крај, сакаме да им кажеме фала на сите студенти кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како инструктори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.
Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!