Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата UX/UI Design. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Кој би рекол дека толку голема одлука треба да се донесе околу едно… копче! За нешто кое зема мал дел од твојот екран, треба навистина да размислиш како најдобро да им го претставиш на твоите корисници. Совршеното копче без секунда двоумење ги повикува корисниците кон целта.

Како инспирација при креирање на твоето call-to-action копче, ќе разгледаме 5 примери кои се вистински приказ за како да го направиш успешно.

Netflix

Текстот е со конкретна понуда, знаеш што следи (не користи текст од типот Get Started). Единствена боја која паѓа во очи е црвена. “Watch anywhere. Cancel anytime”, ти става до знаење дека е во ред ако го напуштиш нивниот сервис, за разлика од просечните страни кои те преплавуваат со тоа дека се најдобри. Истовремено ja објаснува најголемата предност и ја олеснува најголемата препрека. Straight to the point.

theSkimm

Веднаш кажуваат што работат, а што ќе добиеш ти. Исто така, имаат голем social proof, те охрабруваат да се приклучиш со тоа што даваат информација колку луѓе веќе се приклучени, креирајќи чувство на припадност. Social proof ја менува целата игра. Секогаш прашуваме, бираме места каде што луѓето веќе биле и споделиле.

Hotjar

Зборот бесплатно е најдобар магнет да привлечеш публика. Луѓето сакаат бесплатни работи. Текстот веднаш ја кажува целата поента, без премногу да размислуваш што нуди оваа страна. Кога нешто е бесплатно, наидуваме на многу препреки за тоа навистина да биде бесплатно (кредитни картички, договори, инфо…). Бесплатно без одземање на време е начин на кој купувачот сака да му пристапиш. No credit card required – get started in seconds – вистински начин да изградиш доверба со корисникот.

Trello

Trello прави текстот и самото копче да се истакнат наспроти сината позадина преку јаки контрасни бои. Целата страна изгледа едноставно. Нема нешто што ти одзема внимание од твојот следен чекор – регистрирај се бесплатно. Посебно, “It’s free”, дефинитивно го олеснува целиот процес, не треба картички и разни податоци за една обична регистрација.

Snap

„Приклучи се како талент“ веднаш става до знаење за кого е наменето копчето. Во две реченици е објаснета речиси целата комуникација, целиот процес на регрутирање и селектирање на талентот. Прикажана е target групата, за точно да се знае за кого е наменето копчето. Во случај да нудите работа, под копчето има опција за работодавци. Одлично.

Сега кога веќе погледна некои од овие врвни примери, ти си на потег.

Која е магијата позади тој пресуден клик?

Фокусирај се на една цел – имај конкретна понуда. Join free for a month, join as talent, sign up for free. Не употребувај многу општи реченици од типот Get Started, бидејќи корисникот нема да знае точно што може да направи.

Јас сакам да… – се приклучам како талент, да пробам еден месец бесплатно… Корисникот сака конкретно да му се обратиш нему. Секогаш текстот во копчето нека ги исполнува барања на корисникот. Ваквиот пристап прави корисникот да биде вклучен во целата интеракција.

Намали го ризикот – без скриени трошоци, барања. Да, бесплатно е користење на услугата за првиот месец и не поставувај премногу барања.

Објасни го главниот бенефит кој го добива корисникот – премногу информации нема да те поврзат со корисникот. Една реченица е доволна за следниот чекор.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Related Stories For You