Дијана е дипломиран машински инженер по индустриски дизајн, концептуалист и заљубеник во визуелна и музичка нарација и нивните интерферци, во приказните на формите. Во нејзиниот кариерен развој таа има работено повеќе од 7 години во дизајн студио, печатница, фриленс и во најголем дел – работа во маркетинг агенција како сениор дизајнер. Во моментов, Дијана е арт директор на IT платформата Colony, како и како ментор на Академијата за Дизајн во Brainster.
Кога за прв пат почна да се занимаваш со дизајн, од каде произлезе љубовта за оваа професија?
Неформално со дизајн се занимавам уште од… од секогаш. Од кога памтам за себе јас се справувам со порив да се изразам, порив кој има сменето многу форми, од цртање графити и стикери, до редизајн на (не)употреблива облека во аксесоари, изработка на накит, водење дневник-магазин градот и јас… Бев дел и од бројни работилници кои ги бустаат креативните техники и креативното размислување.
А формално, веднаш по завршување на студиите за Индустриски Дизајн на МФС, имав потреба да ги надоградам своите графички вештини. Си дадов месец дена рок и full time посветено ги усовршував Илустратор и Фотошоп. Имав супер прилика да одам на пракса во одлично дизајн студио, кое освен техничка поткрепа ми даде огромна испиративна подршка и шанса да се работи на прекрасни интернационални проекти, кои ме научија како самокритичноста да ја заменам со отвореност за соработка и прифаќање на критика/корекција и дека секогаш може да извадам подобра верзија од себе и од проектот кој го работам… од тука па натаму секој ден овие десет години имам само понуди за работа во оваа сфера па некако спотнтано ми стана професија.
Пасијата во оваа професија ми е самиот процес на креирање.. Без разлика на типот на проект, герерирање креативна нарација и ‘решение’ на поставен ‘проблем’ е мојата љубов.
Опиши ни еден твој работен ден. Што ти се допаѓа најмногу, а што најмалку?
Последнава година и нешто сум ремоут (па се понашам ко распуштеница :))) и си поспивам скоро до 9. Првиот саат-два работам од кревет и преслушувам музика, а попладе, согласно тековните обврски излегувам на состанок или до канцеларија или работам од студиото кое ми е дома. Во ваквиот начин на работење ми се допаѓа флекибилноста при организирање на денот и работните саати, а не ми се допаѓа некогаш кога по три дена нема да излезам од дома и ме фаќа сафра од покуќнината и ѕидовите, па имам чувство како да времето и светот да ме одминуваат.
Имаш работно искуство во дизајн студио, во маркетинг агенција, печатница и фриленс. Претежно ги имаш поминато сите места каде што може да работи еден графички дизајнер. Кажи ни која е разликата помеѓу сите нив?
Сите три имаат различен пристап кон дизајнот. Во дизајн студио научив да го ценам дизајнот и да не го потценувам процесот на инспирирање и времето кое е потребно за истото… Во печатница иако работев мнгогу кратко, научив многу за техничкиот оптимизирање на дизајнот и како да соодветно да се подготвуваат фајловите за да го добеме принтот кој сме го замислиле. Особено може да се биде креативен со експериментирање и комбинации на принт техники, но треба да се познаваат пред се. А во агенција, секако, како да се работи под притисок, што од нерелани рокови што од големи буџети, но притоа да се даваат резултати кои се победнички и ефективни.
Го работеше целосниот брендинг за Colony и за Laika, можеш да ни кажеш нешто повеќе за тоа?
Во Laika улетав откако поголемиот дел од приказната, визијата и платформата беа поставени, но на мене беше оставено сето тоа визуелно да го интерпретирам. Довербата која ми беше дадена при правење одлуки беше мотивирачка за мене, па така секој таск беше работен со екстра фокус и посветеност.
А во Colony сум од сам почеток, заедно ја градевме плафтормата и пристапот леер по леер. Бренд вредносите беа јасни и поставени уште пред да го потврдиме името, низ долгите дискусии за платформата јас веќе имав визија за визуелната интерпретација па затоа ми беше многу флуент и интуитивна работата на брендингот.
Двата проекти ми се едни од ал тајм фејв, затоа што се пред се’ платформи кои ја подобруваат и менуваат тек заедницта и го редефинираат пазарот на таленти. Имав супер тим за соработка, во средина во која секој го работи делот за којшто е најдобар.
Црно или бело и зошто?
Секогаш црно, затоа што црното ги содржи сите бои од спектарот 😉
Сподели ни нешто за твојата работа што никој не го знае ?
Хмм.. Ме фаќа паника од неименувани или погрешно именувани фајлови и фолдери, па често губам многу време да си ги организирам документите или да бршам 14904898 верзии на нефинални фајлови.. Многу пати при таква чистка си имам збришано и финални верзии на проект.. Ама битно мене именувани по ISO да ми се 😀 строго уредно
Кој е твојот креативен процес кога дизајнираш? Од каде наоѓаш инспирација?
Не сум сигурна дека имам стандардизиран процес, веројатно многу зависи од проектот и брифот, и дали го работам сама или во тим. Често се случува добар и концизен бриф сам да ја даде насоката за дизајнот и произлезе инстант он д поинт решение.
Наоѓање инспирација станува дел од секојднение кога се работи во оваа свера, едноставно перцепторите не прекинуваат да впиваат и трупаат слики во мозокот 😀 затоа и дизајнерите се доста чуствителни понекогаш кон своите проекти, нашите сетила се отворени и ранливи, и доста често негативен фидбек боли како раскинување со прва љубов. Но и тоа се учи со време (за среќа) и секое наредно мејк д лого бигер или дај ми посреќна жолта – боли помалце 😀
И за крај што ќе им порачаш на сите оние кои сакаат да станат дизајнери?
Do what you love. Love what you do
Уписите за Академијата за дизајн се при крај.
Резервирај си го твоето место тука.