Што можеш да научиш следно во Brainster?

Овој месец, научи колку што за минатите 3 месеци не успеа!

Те очекуваат супер интензивни програми за најбараните вештини во моментов. Како до поголема ефикасност во работењето? Кои се најновите техники од дигиталниот свет? Ова се следните курсеви кај нас.

Курс за Microsoft Excel со Александар Ѓурчиноски

 Скоро и да не постои индустрија во која не можеш да му најдеш примена!

Без разлика дали сакаш да правиш пресметки, да ги визуелизираш податоците на полесен начин или да креираш ефективни решенија на повисоко ниво, овој интензивен курс е must-go во секоја професија.  

Ќе се стекнеш со вештини на ефективно и ефикасно користење на самата апликација. Ќе научиш да решаваш секојдневни бизнис проблеми, со акцент на изработка на нумерички и графички решенија. Ќе креираш база на податоци од која ќе влечеш корисни информации. 

За кого е наменет овој курс?

✓ Бизнис аналитичaри, економисти, правници, банкари, вработени во мали, средни и големи компании кои секојдневно имаат допир со податоци, менаџери, маркетери, студенти.. Листата е долга.

Или можеби веќе имаш познавања од овој програм, но сакаш да научиш напредни техники.

Курс за Дигитален Маркетинг со Петар Ниновски

Сега кога 90% oд бизнисите се онлајн, прашањето е: како да се издвоиш од останатите?

Идејата на овој курс е да научиш како до поголем раст, како да креираш успешни кампањи кои носат резултати, и да ги читаш метриките на истите. Ќе ги добиеш најсвежите ресурси од оваа област.

Секој од учесниците ќе си замине со сеопфатно и темелно разбирање за дигиталниот маркетинг денес, кое потоа ќе го примени во својата сегашна професија, својот бизнис или идната основана компанија.

Кој може да биде дел од овој курс?

✓ Дигитални и традиционални маркетери, економисти, студенти, сопственици на мали и средни бизниси, проектни менаџери, консултанти, е-commerce ентузијасти, сопственици на сајтови;

✓ Сите кои сакаат да стигнат до нова кариера во дигиталната индустрија;

✓ За сите кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Овој курс ја разложува дигиталната стратегија до нејзиното основно јадро: Зошто еден бизнис постои?

Курс за AutoCAD 2D со Ивона Крстеска

 AutoCAD 2D со сите свои можности скоро и да нема сериозна конкуренција.

Преку оваа програма ќе стекнеш знаење и вештини со алатките кои АutoCAD ги нуди, преку кои ќе можеш самостојно, ефикасно и креативно да изработиш технички цртежи за сопствените потреби.

Ќе научиш како да работиш во AutoCAD со цел креирање конструктивни цртежи кои јасно ќе ја презентираат твојата идеја.

Дел од овој курс можат да бидат:

✓ Aрхитекти, проект менаџери, инженери, графички дизајнери, геодети и други лица кои се занимаваат со проектирање, графички дизајн и подготовка на технички цртежи.

✓ Ученици и студенти од техничките училишта и факултети, и млади ентузијасти кои сакаат да го збогатат своето знаење за компјутерските програми.

Имаш дополнителни прашања? Пиши ни на [email protected] и со задоволство ќе ти помогнеме!

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.