Ја прашавме повеќе за да ја натераме да се пофали, отколку да ја провериме. Беше дел од Академијата за Маркетинг и сите знаеме колку оваа област бара постојано учење нови работи. Јана, кои се најважните работи што ќе ги паметиш од Курсот за Google рекламирање?
1. Научив да поставувам реклами што можат да ја видат скоро сите што користат Google за пребарување (6 милијарди пребарувања секој ден!)
2. Можам да платам само за онаа реклама која ќе биде кликната (тоа е како да нарачаш флаери ама да не ги платиш сите, туку само оние кои некој ќе ги прочита)
3. Мојата реклама може да се прикаже само на оние кои ги пребаруваат за мене релевантните клучни зборови, па така со сигурност знам дека таа реклама која ја плаќам стигнува директно до оние кои се заинтересирани за мојот производ или услуга.
4. Можам детално да ги таргетирам клиентите: според место на живеење, пол, возраст, па дури и висина на примања.
5. Научив во реално време да ги следам резултатите од поставените реклами, точно да знам каков е ефектот од нив и според резултатите да ги прилагодувам.
6. Реклама на Google Ads заедно со органски SEO, носат добитна комбинација која е недостижна од другите онлајн маркетинг канали!
7. Научив како да го продадеш точаков за еден ден, седнувај 🙂
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje