Запознај го Филип Ефински – практикант во тимот на Brainster!

Со цел да научи дигитални вештини кои ќе ја лансираат неговата кариера како дигитален маркетер, Филип ни дојде вo Brainster! Започна од курсот за дигитален маркетинг а моментално е на пракса како дел од нашиот маркетинг тим!

Кој е Филип и како слета во приказната “дигитален маркетинг”?

Апсолвент сум на Економскиот факултет во Скопје, департман маркетинг. (Уште дипломската!). Инаку, од причина што на факултет повеќе го изучувавме традиционалниот маркетинг, сфатив дека сакам да си ги проширам видиците во насока на дигиталниот маркетинг. Сепак живееме во една дигитална ера во која мораме да се адаптираме на технологијата која нè опкружува. Затоа и најпрво се запишав на курсот за дигитален маркетинг во Brainster.

Го сакам маркетингот затоа што бара креативност, но и затоа што бара да се информираме за најразлични области, а за среќа сум љубопитен и сакам да учам нови работи. Постојат многу производи и услуги кои навистина се квалитетни и решаваат одреден проблем, но за жал се невидливи во дигиталниот свет. Сакам во иднина да помогнам таквите производи да излезат на површина.

Кога станува збор за хоби, музиката е мојата страст. Се бавам со музика од раното детство. Ја избрав гитарата, што најверојатно е еден од најсвирените инструменти на нашето поднебје, но ете. ☺ Периодов твориме нова музика со дечките со кои свирам и се надевам дека во блиска иднина ќе завршиме со креативниот процес за да можеме да влеземе во студио и да снимаме.

Беше дел од курсот за дигитален маркетинг. Кои работи кои претходно не ги знаеше, ги научи?

Некои од работите ми беа познати затоа што сепак маркетингот ми е струката. Она што ми беше ново е Content маркетинг-oт, Growth маркетинг, мерење на KPI’s и Funnel маркетинг. Премногу практични и применливи совети. Научив што претставувaат и како да ги применувам на социјалните мрежи. Дознав и за Buffer, една корисна алатка која овозможува мултитаскинг во случаи кога водиш повеќе профили на социјалните мрежи во исто време. Покрај ова, научив и како да креирам newsletters и вооглавно малку повеќе за Email маркетинг преку практичните вежби кои ги имавме со групата.

По завршувањето на курсот, продолжи на Академијата за дигитален маркетинг! 🙂 Што е тоа што те натера да продолжиш со учење нови дигитални вештини?

Љубопитноста и желбата за надоградување си го направија своето. Мислам дека има уште многу работи кои можам да ги научам во Brainster. Сакам понатаму да бидам добар во својата професија и мислам дека Brainster може да ми даде добра основа за тоа. Другата причина се луѓето во Brainster. Морам да кажам дека во тимот на Brainster има навистина позитивни ликови кои се тука да ти помогнат и да те научат на нешто ново.

Како изгледа еден твој ден во Brainster?

Освен што ја следам Академијата за дигитален маркетинг сум и практикант во Brainster. Кога доаѓам во Brainster, обично си правам второ кафе (првото го пијам дома) за да можам да функционирам во текот на денот. Потоа, седнувам на лаптоп и си го отворам потсетникот кој го имам за секој ден, за да видам кои обврски треба да ги завршам. Нормално, после тоа се фаќам за работа, а откако ќе завршам правам кратка пауза. Секојдневно работам со маркетинг тимот на Brainster, најчесто Content маркетинг a вештините кои ги учам на Академијата потоа ги применувам во пракса.

За време на Академијата се грижам сите учесници да имаат максимално позитивно искуство. Исто така, се посветувам на надоградување на знаењето за полесно да можам да ги следам и самите предавања на Академијата. Или тоа се случува, или читам стручна литература (Моментално ја читам “Rework” на Jason Fried).

Кога се враќам дома сум уморен од исполнетиот ден, па затоа се релаксирам 1-2 часа, а потоа си местам 2-3 аларми за наредниот ден (за да се осигурам дека ќе станам на време) и си легнувам. Така отприлика изгледа еден мој ден во Brainster! 🙂

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.