Неколку совети за мерење на твојата маркетинг кампања

Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.

Во светот на дигиталниот маркетинг, мерењето на успешноста на кампањите може да ти помогне да ја разбереш поголемата слика!

Од каде да почнеш?

Во моментот постојат многу алатки кои маркетинг специјалистите ги користат за да ја измерат успешноста на своите дигитални кампањи, но преку нив може да се добијат премногу податоци или тие можат и да не бидат релевантни за твојот бизнис. Затоа најважно е при започнувањето на една маркетинг кампања да се постават вистинските мерни единици и KPIs за на крај да добиеш релеватни резултати кои ќе му помогнат на твојот бизнис.

Маркетерите во денешно време се фокусираат на т.н “vanity” metrics и губат време анализирајќи податоци кои реално нема да им помогнат при реализацијата на нивните бизнис цели, како на пример: зголемување на продажбите.
Такви мерни единици се: Facebook лајкови или YouTube views, кои се супер да се земаат во предвид, но не се многу значајни кога сакаме да оствариме некоја конкретна бизнис цел, како што е монетаризација на производ и истите тие да ги претвориме во пари.

1. Генерирање на сообраќај на твојот веб сајт

Овие мерни единици имаат за цел да го измерат и следат сообраќајот на твојот веб сајт и претставуваат важен дел при користење на техники како што се SEO оптимизација и Pay-per-Click.

Overall Site Traffic
Секојдневните промени во сообраќајот на твојот веб сајт можат да ти дадат важна информација која ќе ти покаже дали конкретната маркетинг техника која ја користиш е ефикасна или не. Кога го следиш и мериш сообраќајот на твојот веб сајт немој да се фокусираш само на вкупниот број на “посети на страници”, а следи го и бројот на уникатни посети во рамките на една недела или месец. Колку поуникатни посетители имаш, толку поголеми ти се шансите тие луѓе да станат твои корисници.

marketing, kurs

Traffic Sources (извори)
Доколку ги знаеш изворите од каде доаѓаат посетители на твојот сајт, како и кои клучни зборови ги донеле  на него, полесно ќе можеш да ја оптимизираш твојата дигитална кампања и ќе знаеш каде точно треба да се фокусираш.

Mobile Traffic (мобилен сообраќај)
Мобилниот интернет ни дава можност да бидеме со нашите корисници во секое време од  денот. Токму затоа дигиталните маркетинг специјалисти треба да обрнат повеќе внимание на тој тип на сообраќај затоа што така се кријат големи и различни видови на извори за продажба. Ова мерило исто така дава слика за тоа како бизнисите ја имаат подредено и структурирано својата содржина, давајќи информација за тоа дали таа е поефикасна за веб посетители отколку за мобилни посетители.

Click Through Rate (CTR)
Pay-Per-Click (PPC) кампањите претставуваат извори на точно таргетирана публика и можат да бидат измерени со пресметување на бројот на кликови на рекламата поделено со бројот на импресии на истата. Секогаш кога една реклама ќе биде видена, CTR покажува колку истата била кликната, овозможувајќи ни полесно да ги оптимизираме рекламите и да достигнеме до поголем број на кликови за помалку пари.

дигитален маркетинг 101

Cost Per Click (CPC)
Cost Per Click (CPC) покажува колку пари имаме потрошено за еден клик во рамките на една реклама. Оваа бројка може да биде различна во зависност од популарноста на клучните зборови или фрази, Quality Score, како и од Click Through Rates (CTR).

2. Како да ги измериме конверзиите?

Главната цел на дигиталните маркетинг кампањи е конвертирање на посети на веб сајтот во потенцијални клиенти кои ќе генерираат продажби или друг вид на резултат. Еве неколку важни метрики кои ќе ти помогнат да ги следиш конверзиите:

Conversion Rate (CVR)
Следењето на бројот на посетители на твојот веб сајт кои станале клиенти и го направиле последниот чекор потребен за достигнување на целта, е основна мерна единица во рамките на една дигитална маркетинг кампања. Тоа можеш да го следиш преку Conversion Rate (CVR) и да ја видиш реалната бројка на конверзии.

дигитален маркетинг 101

Cost Per Lead (CPL)
Како што веќе знаеме, прва цел ни е да достигнеме до број на посети на нашиот веб сајт, па после истите тие да ги претвориме во потенцијални корисници или leads, кои нашиот тим за продажби ќе ги претвори во вистински потрошувачи или корисници. Но исто како што ја мериме цената на клик на нашиот веб сајт, потребно е да ја знаеме и цената на секој потенцијален корисник или lead. Cost Per Lead (CPL) е мерна единица, која ни дава претстава колку од посетите на нашиот сајт станале потенцијални корисници и колку сме потрошиле да достигнеме до истите. На тој начин маркетинг специјалистите имаат претстава колку дадена маркетинг кампања може да придонесе да остварување на профит. Овој тип на мерна единица може да го следиш во рамките на Google Analytics доколку ја активираш функцијата Ecommerce.

Bounce Rate
Не сите кои доаѓаат на нашиот веб сајт остануваат многу долго. Поголем број од посетителите си заминуваат исто толку брзо колку што дошле. Токму затоа оваа мерна единица ни покажува колку од посетителите си заминале и доколку тоа го комбинираме со други метрики, може да видиме зошто тие си заминале и како да го спречиме нивното заминување во иднина.

 

дигитален маркетинг 101

 

Average Page Views per Visit (Просечна бројка на посети на конкретна страница во рамките на една посета)
Веќе знаеме дека основна цел е да донесеме посети на нашиот сајт. Но друга важна цел е и да ги задржиме и да дознаеме кој тип на содржина им бил најинтересен и ги натерал да останат подолго, па и да направат некаков вид на активност. Токму затоа овој тип на мерна единица е важен, затоа што ни покажува кои страници на нашиот веб сајт овозможуваат создавање на активност од страна на посетителите и да помогне во остварување на конкретната бизнис цел на маркетинг кампањата.

Average Cost per Page View
Во зависност од конкретниот тип на бизнис, маркетинг кампањите можат да бидат и визуелни, чија цел е да донесат повеќе посети на веб сајтот преку поголем број на импресии на конкретната реклама. Бројот на импресии може да се следи преку оваа мерна единица. Имај во предвид дека цената на една импресија мора да биде значително помала од цената на клик или профитот од конкретната маркетинг кампања.

Average Time on Site
Освен посети, конверзии и активност на веб сајтот, исто така можеш да мериш и колку време еден посетител останал на сајтот. Тоа ќе ти даде можност да разбереш колку твојата содржина е релевантна и интересна за посетителите.

дигитален маркетинг 101

Rate of Return Visitors (број на посетители кои се враќаат на вашиот веб сајт)

Бројот на посетители кои редовно го посетуваат нашиот веб сајт може да ни даде претстава колку тој е популарен и интересен за нашата публика. Знаејќи го бројот на посетители кои се враќаат и ги следат содржините на сајтот редовно, ќе ни овозможи лесно и брзо да ја прилагодуваме содржината и да зголемиме бројот на конверзии за нашиот бизнис.

3. Како да ги измериш приходите?

На крајот на краиштата, успехот на една дигитална маркетинг кампања најдобро може да се мери со следење на приходите на бизнисот. Тоа ќе ни каже дали одредена кампања е профитабилна или не за да може да се направи оптимизација и да се подобри содржината која ќе придонесе до подобар ангажман, повисока реализација и поголеми приходи.

Return On Investment (ROI)

ROI претставува мерна единица која во потполност може да се мери преку следење на сообраќајот на веб сајтот, кој на крајот се претвора во нови корисници или продажби. Овој параметар исто така, ќе помогне да се идентификуваат областите каде конкретната маркетинг кампања генерира продажби и со тоа да се даде простор за подобрување на местата каде е потребно.

Cost to Acquire a Customer (CAC) (Цена на еден нов потрошувач)

Рентабилност се мери со бројот на нови клиенти кои плаќаат за одреден временски период. Тоа се мери со пресметување на трошоците за стекнување на нови клиенти, поделени со бројот на нови клиенти кои плаќаат во текот на истиот период. Понекогаш овие пресметки може да не бидат многу совршени, но CAC може да ти даде добар увид за тоа како изгледа твојата ефикасна и успешна кампања.

4. Алатки со кои можеш да ја мериш ефикасноста на твојата дигитална маркетинг стратегија

Во моментов постојат премногу алатки (бесплатни и оние кои се плаќаат) кои можат да ти помогнат во следењето на ефикасноста на твоите маркетинг стратегии. Еве некои од нив:

Silverpop – сеопфатна платформа за маркетинг автоматизација, која овозможува лесно создавање на маркетинг кампањи

HubSpot

дигитален маркетинг 101

Претставува комплексна алатка која ќе ти даде можност да го следиш секој аспект од твојата дигитална маркетинг кампања.

Google Analytics

дигитален маркетинг 101

Google Analytics е една од најпознатите алатки кои ќе ти помогнат да го следиш целиот процес низ кој поминуваат твоите корисници, од посетители до реални потрошувачи.

HootSuite
дигитален маркетинг 101

 

HootSuite претставува сеопфатна платформа за управување на содржината во социјалните медиуми и дава преглед на сите активности на една кампања во рамките на истите.

Погледни ја програмата на Академијата за маркетинг на која во детали се работи на веб аналитика.

 

Како до 1.000.000€? 🤫