Дарјан Раденковиќ – Инструктор за Google рекламирање на Академијата за маркетинг

Маркетинг индустријата е многу повеќе од  само креативна содржина. За да се постигнат мерливи резултати, идните маркетери треба да стекнат и аналитички вештини. Тука настапува Google Ads и Analytics. Сите кои не успеавте да го запознаете Дарјан на бесплатното онлајн предавање за Google рекламирање, имате можност да го запознаете како инструктор на Академијата за дигитален маркетинг.

 

Уписите се во тек, види програма тука.

 

Дарјан, многумина те познаваат од бесплатното онлајн предавање и од курсот за Google рекламирање. Што би ни открил ново во врска со тебе? 🙂

Долги години сме мошне блиски со маркетингот – прво преку образованието и личниот интерес, па преку работните места како асистент на Факултетот за комуникации и медиуми и менаџер на Секторот за маркетинг на Винер Осигурување. Сепак, минатата година решивме да ја однесеме врската еден чекор напред. Се создадоа услови да се посветам целосно на дигиталниот маркетинг, на она што најмногу ме привлекуваше – performance маркетинг, Google AdWords, Google Analytics, па еве ме во New Media, агенција за дигитален маркетинг, каде уживам во работата, а можноста да го споделам своето знаење како инструктор во Brainster е шлагот на тортата.

Зошто баш Google рекламирање? Што те привлекува најмногу кај оваа професија?

Нешто што ми помогна дефинитивно да се одлучам за кариера во дигиталниот маркетинг беа неверојатните можности што ги нудат дигиталните алатки за рекламирање и аналитика. Податоците со кои располага Google, а кои се базираат на 6 милијарди пребарувања во текот на еден ден, преку Google Adwords ви стануваат достапни и вам. Mожете да ги искористите да допрете до публиката која е најважната за вашиот бизнис. Истовремено, комбинирајќи го Google Adwords со Google Anaytics, за мошне кусо време можете да добиете огромен број корисни податоци за вашата целна група, за целиот пазар на кој го пласирате вашиот продукт, но и за ефикасноста на вашите маркетинг активности. Кога еднаш ќе се соочите со овие можности, вашата перцепција за маркетингот целосно се менува. Дека ова не е само мој впечаток, ме уверија реакциите на учесниците на Академијата за Маркетинг на Брејнстер по запознавањето со алатките на Google за рекламирање и аналитика.

Како изгледа еден твој работен ден? Како го менаџираш времето за да постигнеш с?

За почеток, после години станување рано, се обидувам да одолеам на привлечниот концепт на лежерно маркетерско утро и почнување на работниот ден подоцна од вообичаено. Не сум сигурен колку добро ми оди 🙂 Денот минува во баласнирање меѓу вообичаените обврски поврзани со клиентите, новите проекти на кои работиме и желбата да се биде во тек со сите новости од светот на маркетингот. Моја среќа што часовите во Брејнстер ми претставуваат вистинско уживање, па не ги перцепирам како обврска плус во денот. Во секој случај, после долги години во корпоративна средина, каде постојано нешто „гори“ и мораш да си на штрек речиси постојано, работата во маркетинг агенција ми доаѓа како вистинско освежување. Можам да кажам дека им завидувам на сите учесници на Академијата за маркетинг, кои многу порано ќе имаат шанса да ја започнат својата кариера во маркетингот.

Што очекуваш од новите учесници на Академијата и што сè ќе научат со тебе?

Со оглед на искуството со претходните групи, повторно очекувам еден куп љубопитни лица, жедни за нови знаења и со вистински капацитет комплетно да го разберат она што ќе го работиме на часовите. Очекувам многу прашања, многу коментари и креативност на часоите на кои ќе работиме на реални кампањи. И се разбира, ја очекувам онаа карактеристична Брејнстер атмосфера во која учесниците за мошне кусо време се зближуваат и почнуваат меѓусебно да се мотивираат и да си помагаат. Со последната група се почуствував како да сум повторно во средно 🙂 Многумина не се свесни колку таквата атмосфера е значајна за стекнување вистинско знаење, интерес и мотивација. Затоа, со нетрпение чекам да почнеме со новата група на Академијата за маркетинг со која повторно ќе го откриваме магичниот свет на Google Adwords и Google Analytics.

Зошто еден маркетер треба да има познавања од Google Adwords и Analytics?

Сведоци сме на динамиката со која се менува маркетингот. Многу нови работи не беа прифатени кога се појавија, за потоа да станат задолжителни и одеднаш сите да почнат да се бават со нив. Проблемот со ваквиот начин на прифаќање е што под притисок на времето и конкуренцијата, тој начесто е површен и не соодветствува на реалните потреби на бизнисот. Така беше со интернетот, со социјалните мрежи, со онлајн продажбата… Истото ќе се случува и со маркетинг активностите базирани на темелно мерење (performance marketing), односно носењето на бизнис одлуки врз основа на реални податоци (data driven decisions). На домашниот пазар речиси и да нема компанија која сериозно се занимава со ова. Првиот момент кога ќе се создаде критична маса на носители на одлуки во компаниите кои ќе ја сфатат предноста која можат да им ја донесат алатките како Google Analytics и Google Adwords, маркетерите кои ги познаваат овие платформи ќе станат мошне барани и ценети. Се разбира, и без тоа, еден маркетер мора да има познавања од оваа област бидејќи само на тој начин ќе може да има јасна слика за ефектот на активностите кои ги спроведува и да може соодветно да ја оптимизира кампањата за таа да донесе најдобри резултати. Тестирај – мери – оптимизирај и пак од почеток, тоа е златниот круг на маркетингот, кој без овој тип на алатки е тешко спроводлив.

Што претставува за тебе добар маркетер? Кои карактеристики треба да ги поседува?

Најважни се аналитичките способности. Како што реков, маркетингот се менува од ден на ден и учењето на памет тука не помага многу. Добриот маркетер во секој момент треба да умее аналитички да пристапи на решавањето на еден проблем. Алатките се менуваат и ќе се менуваат, исто како и трендовите и комуникациските платформи. Но, ако успеете да изградите аналитички пристап, тогаш лесно ќе го најдете вистинскиот пат за спроведување на соодветната маркетинг стратегија. Академијата  на Brainster e мошне плодно тло за развивање на аналитичките способности затоа што учесниците учат различни вештини, од различни предавачи и имаат можност да „украдат“ по нешто од секој, но и да ја фатат онаа заедничка нишка што ги прави предавачите успешни во својата област.

Што им препорачуваш на новите учесници на Академијата за маркетинг?

Да бидат отворени за сите знаења што ќе им бидат на располагање во 20-те недели од Академијата. Да немаат предрасуди и да не размислуваат за ограничувањата од средината. Ќе им се отвори еден цел нов свет од кој ќе бидат фасцинирани и им завидувам на таа можност. Да обрнат внимание на секој модул од програмата, зашто секој е подеднакво важен и треба да го познаваат, но да не се плашат да си изберат еден кој најмногу ќе одговара на нивниот карактер и темперамент и да се развиваат во таа насока. Да споделуваат идеи и знаења меѓусебно, бидејќи тоа е најбрзиот начин да се развијат како маркетери и да се охрабрат да почнат да работат на проекти во кои веруваат. И да уживаат во Академијата.

 

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Инструктори и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje. академија за маркетинг скопје, академија за маркетинг.

Related Stories For You