“Digital Transformation” со Петар Ниновски

Месецов го започнуваме како што е редот секој јануари- со сè она кое е останато од старата година. Тоа за нас е да продолжиме со споделување на нашите вредности со заедницата. Заедница составена од сите наши студенти, инструктори и компании со кои соработуваме исто така и компании, стартапи, колеги и пријатели на кои им се восхитуваме.

Следна вредност која сакаме да ја споделиме со вас е “Digital Transformation”.

Еве како нашиот тим во Brainster ја дефинираше:

A promise to dare the future and not be scared to change yourself and the company.

A promise to make continuous improvements.

A promise to create products for the future and provoke the present.

Трансформациите се многу важни за нас. Посебно оние личните, оние кои не ни даваат да спиеме ноќе. Секоја трансформација има значење. Но, секогаш треба да  целиш кон тоа да се трансформираш во твојата подобра верзија лично и професионално. 

Па, она кое ти го велиме е да застанеш, да се погледнеш и да се запрашаш: Дали ти се допаѓа она кое го гледаш

За сите транформации кои ги донесе во Brainster и за сите предавања, обуки за компании, курсеви и работилници одржани за дигитална трансформација беше многу природно да го прашаме Петар Ниновски нашиот CEO.

 

“Never for the money, always for love”. Lyrics на Talking Heads. Дали е ова начин како гледаш ти на животот и работата.

Профитабилноста ми е многу важна. Тоа значи парите се важни бидејки не сакам команијата да зависи од други извори на финансирање. Сакам растот да го финансирам од профит. Раст значи уште поголема вредност која компанијата може да ја направи за своите вработени, клиенти, партнери, студенти, општество. Во животот е друго. Ги гледам парите како средство не како цел. Немам цел да имам 5мил евра. Сакам да имам  за да можам да си дозволам задоволства. Најчесто парите ги трошам на многу патување, на спортска опрема, мотори.

Која вредност ја цениш најмногу во животот?

Трпеливоста. Правењето на бизнис не е спринт, ниту маратон. Туку серија на спринтови и маратони. 

 

Која вредност сакаш да ја оставиш во денешното општество?

Емпатија. 

 

Кој е тој човек од кого сакаш да учиш во животот?

Александра.

 

Кое е тоа место кое те инспирира?

Планина. Надвор од гужвите од градот. Кај што можам барем на момент да бидам едно со природата.

 

Дали има некоја честа грешка која ја прават луѓето кога започнуваат бизнис. Што не ти се допаѓа во започнувањето на стартап?

Да постои. Најчесто претрпиемачите започнуваат бизниси кои не решаваат проблем. Само претпоставуваат дека нештото ќе функционира. Премногу време поминуваат во планирање. Некогаш со месеци планираат и најчесто не го лансираат продуктот.

Мој совет: Лансирај најбрзо што можеш. Следи како реагираат клиентите. Искористи го фидбекот. Подобри го производот. Размисли дали барем дел од клиентите ќе бидат тажни ако твојот продукт не постои и доколку е така продолжи со бизнисот.

Како знаеш дека една идеја ќе успее?

Не го знам тоа.  Стратегијата ми е следна: Гледам проблем или можност. Градам MVP. Лансирам на маркет најбрзо што можам. Разговарам со клиентите, со што повеќе. Согледувам што се случило и до каде сум. Ако има поента го подобрувам продуктот. Ако не, многу лесно се откажувам од него и пробувам нова идеја. Се додека не функционира. Така се родиja Brainster, Laika, Colony.

 

Сите имаме сомнежи во животот. Кој е твојот сомнеж? 

Дека ќе успееме како раса. Толку станавме алчни и несовесни во начинот на кој се однесуваме со природата и животните што можеби веќе сме да направиме грешка која нема да можеме да ја решиме. 

 

Дали имаш дневна рутина?

Да. Природно станувам рано, околу 6 часот. Важно ми е првите неколку часови од денот да ги поминам без брзање, без emails, без состаноци и стресови. Првите саати се за мене: вежбам, поминувам време со кучињата, музика, медитација. 

Работам обично од 9 до 18 часот. Некој час во теретана. Најчесто викендите ги поминувм на мотор. Тргнувам петок после работа а се враќам во понеделник директно на работа. Носам лаптоп за време на викендите и некогаш работа. Но, најчесто креативна работа и работа која треба да се мисли. 

 

Како ги одбираш твоите проекти и продукти?

Морам да бидам искрен, повеќе кажувам- НЕ на проектите и на понудите за партнерство, а помалку- да. Многу повеќе.

Тоа што ми е важно во овој период е дали тој проект ќе придонесе на големата слика. 

Дали е нешто што сакам да го правам?

Дали во моментов имам ресурси за да го реализирам?

Дали решава некој реален проблем?  

Related Stories For You