Роденденски овој месец решивме дека Brainster ќе ги сподели своите вредности со заедницата. Заедница составена од сите наши студенти, инструктори и компании со кои соработуваме исто така и компании, стартапи, колеги и пријатели на кои им се восхитуваме.

Следна вредност која сакаме да ја споделиме со вас е “Execute with speed”.

Еве како нашиот тим во Brainster ја дефинираше:

A promise to get shit done.

A promise to always show that everything is possible.

A promise to find a way to give results.

Продуктите кои ги креираме треба да ги пуштаме брзо на пазар со цел побрзо тестирање. Пазарот ни кажува дали функционира или не и по пат поправаме, лепиме и стигаме до WOW. Само преку брза егзекуција и прашување се стигнува до “WOW” продукт.

Па, затоа ја прашавме Александра Јанакиевска со колкава брзина ја создаде Laika и зошто е важна константната егзекуција. 

Laika е екслузивен партнер на Brainster за вработување на студентите по завршување на академиите.

 

Ти си претставник на вредноста “Execute with Speed”. Друга вредност на тимот на Brainster е “Create Wow”. Дали може да извршуваш брзо и сеуште да создаваш “Wow” продукти? Што е најважното за тебе кога креираш продукт?

Да и не. Осмислувањето на продуктите и задавањето на хипотези кои ќе се тестираат треба време за конципирање на моделите. Најважен момент кога се создава продукт е реалната потреба за тој продукт на твојот таргет маркет. Дали ќе биде крај на свет ако овој продукт не постои? Дали на светот навистина му е потребна уште една платформа или уште еден стартап со BOLD визија? Откако тимот ќе се осигура дека решава реален проблем, егзекуцијата мора да биде екстремно брза за да се истестираат хипотезите. Нешто како гасење пожар – ако го гасиш бавно, можеби и никогаш нема да ги почувствуваш ефектите на твојот труд. 

 

Ти си CEO и Co- founder на Laika. Но, пред целата оваа приказна да започне, започна да работиш во Brainster со Петар Ниновски. Што е една работа која ја научи од него и секогаш ќе ја помниш? Што е онаа една работа која би и ја кажала сега на тогашната Александра?

Петар е многу важен дел од мојата кариера затоа што голем дел од работите кои ги знам денес сум ги научила од него – или сме ги научиле заедно. Сум добила непроценливо менторство кое ми овозможи да го имам ова интервју за “Execute with speed”.

Неколку клучни лекции од Петар: „Самоотпушти се од функциите во компанијата кои ги имаш совладано и премини на нешто ново. Пренеси ги старите функции на друг. Најди некој што знае да ги извршува high value-added задачите подобро од тебе. Не гледај назад на стари грешки”. Enjoy the ride 🙂

Да се вратам назад во времето на 22 годишната Александра би и рекла: „Тоа што одбиваш корпоративна работа за да одиш во стартап со еден вработен е најдобрата одлука што ќе ја направиш”. “Don’t overthink. Enjoy this, keep growing”.

Како се случи Laika? Како мислиш дека преку Laika би се менувал “tech” пазарот за таленти и компании?

Laika произлезе од една точка во пресекот помеѓу реален проблем и мојата лична професионална определба. Од една страна, на компаниите им требаат IT кадри постојано, а старите recruitment процеси се презаситени и не одговараат на сите профили на кандидати. 

Од друга страна, јас уживам да работам со луѓе и да им помагам да го извлечат максимумот од својата кариера. Најмногу ме радува кога ќе ми се јави кандидат и ќе ми каже дека влегол на работното место за кое заеднички сме се потрудиле. 

Дали Laika е одличен бизнис модел? „Да”. Дали може да направи огромен импакт? „Повторно да”.

Мисијата на Laika е да им помогне на сите “Tech” таленти да најдат работа која ќе ја сакаат и на сите Tech компании – да ги најдат вистинските луѓе. Покрај тоа што сме фасилитатори во процесот на вработување, ја градиме заедницата и вложуваме во неа за да имаме и поквалитетен еко систем.

 

Треба да користиме технологија со цел да ја зачуваме природата и да пробаме добрите работи кои постојат да ги направиме подобри. Вистина или не? 

Како ја гледаш иднината на компаниите и стартапите во Македонија? Како ја гледаш Laika во иднината?

Технологијата ги автоматизира процесите во сите сектори и со тоа технологијата е (поголемиот дел од времето) “eco-friendly”. Не сакам воопшто да зборувам за дигитализација – верувам дека го надминавме тоа прашање. Следните 10 години ги гледам како време на рапиден раст, трансформација на работната средина, еволуција на работните процеси, но задржување на ретро вредности: емпатија, човечност, “work-life balance” и секојдневно учење. Ја гледам Laika како позитивен “influence” и клучен катализатор на цела југиосточна Европа.

Дали има некоја работа на која би сакала да ја примениш вредноста “execute with speed” но, не си го направила тоа? Дали се каеш за тоа? Дали имаш “regrets” во животот?

Посакувам порано да го прифатев фактот дека никогаш нема да престанам да се соочувам со неуспеси. Мали, големи, кардинални, небитни… Неуспесите се неизбежни за сите оние кои прават нешто. Да го прифатев ова порано, ќе избегнев многу нервоза. Но, тоа е процесот на растење. 🙂

 

Објасни ни ја синергијата меѓу Brainster и Laika?

Laika и Brainster се партнери, пријатели, колеги, пирати. Делиме една многу важна вредност: Сакаме да креираме можности во ИТ за младите луѓе. Сакаме да бидеме креатори на иднината и проактивно да работиме на создавање вредност. “Big things are coming – stay tuned”.

“Tech” светот особено е машки доминиран екосистем веќе долго време. Како навигираш во овој свет?

Нееднаквоста меѓу половите постои секаде, особено во “Tech”. Имам голема потреба да креирам нешто поголемо од мене кое ќе служи како пример за останатите, и ќе покаже дека и жените можат. Сакам да докажам дека нееднаквоста не е она што не спречува да бидеме успешни. “No excuses”.  

 

Како може професионалците и луѓето од полињата на наука, инженерство и технологија да ги инспирираат следните генерации?

Ќе се навратам на вредностите. Системот на вредности кои ги носи секоја генерација треба да еволуира. Добрите работи не треба да се менуваат па така сегашните инженери треба да ги сумираат сите “lessons learned” и да стават “fresh perspective” на се што следи. “Tech” професионалците можат да ја инспирираат новата генерација со несебично вложување во заедницата, менторство и поддршка.

 

Кој е твојот пристап на учење и истражување дали една идеја може да стане самоодржлив продукт или бизнис?

Би рекла дека е комбинација од бројки и “gut feeling”. Потенцијалот на една идеја се мери “in real time” на маркет, преку серија од помали експерименти и пивотирање. Но, има некои работи кои не можат да се измерат, како на пример изразот на лицето на задоволни клиенти. Или авторитетот на твојот бренд низ неколку разговори со луѓе кои имаат искуство во доменот на твојот бизнис. “Product-market fit” не е секогаш лесно за постигнување. Уште помалку лесно за еден претприемач е да признае дека продуктот на кој работи со години нема “product-market fit” и дека компанијата треба или да се затвори или да го промени продуктот. Но reality check секогаш мора да постои.

 

Технологија навлегува во нашите “personal bubbles”. Дали да ги пукнеме?

Само умерено. Без технологија не можеме да бидеме дел од светот, затоа мора да научиме како да ја користиме, а не обратно.