Викендов се одржа најголемиот хакатон во Brainster досега! Студентите на Академијата за Дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн поделени во 13 групи, успешно го завршија својот прв хакатон.
Задачата на секој тим, во кој имаше студенти од Академијата за дигитален маркетинг и студентите од Академијата за графички дизајн, беше да креираат целосен Brandbook, веднаш по зададениот бриф од Learning партнерот. 48 часа поминаа со напорна работа, учење и дружење давајќи едно незаборавно искуство на студентите.
Работата на реалните проекти за реален клиент во координација со тимот, се одлична метода за надградување на вештините на секој студент. Преку нив, студентот има можност да го примени целото знаење стекнато на некоја од Академиите и да додаде уште еден проект во своето портфолио.
За тимската работа, организацијата на хакатонот и целото искуство ќе ни раскаже во продолжение Тим 4 кој што беше изгласан за победник на овој хакатон од страна на learning партнерот. Овој тим и понатаму ќе соработува со нашиот партнер и ќе го развиваат брендот согласно зададените спецификации.
Дознајте што ни раскажаа студентите од победничкиот тим:
Дејан: Ова е одличен начин да се усоврши групна делотворност. Поготово што сите за прв пат се сретнуваме и мораше во мал временски интервал карактерно да се синхронизираме.
Бевме свесни дека мора рационално да ги одбереме вистинските решенија од мноштвото идеи за успешно да ги задоволиме бизнис потребите на клиентот. Отворениот ум и разбирање беа клучни за креативната продуктивност. Секој имаше одредени задолженија, но сепак сите учествувавме во подобрување на истите за да се извлече најдоброто. (помогнати преку насочување и охрабрување од страна на менторите) Супер искуство!
Јована: Овој хакатон за мене беше едно поразлично искуство(in a good way) од се до сега на Академијата за дигитален маркетинг. Иако во текот на академијата се стекнуваме со многу практични искуства, сето тоа се прави дел по дел, а сега беше вистинска можност да покажеме колку сме научиле и колку сме напреднале од почетокот на академијата па се до сега. Работата во тим беше едно next level искуство. Сите ние првпат се запознавме тогаш и за 48 часа требаше да ги исполниме сите зададени задачи од клиентот. Дефинитивно интересно беше да се види како сите дававме различни идеи коишто совршено се вклопија и испадна една целосна идеја која ни се допадна на сите. Многуте рокови придонесоа да имаме многу продуктивна атмосфера во тимот, да размислиме што навистина сакаме да покажеме пред клиентот, а што може да изоставиме. Исто така научив колку е важно тимот од маркетинг и тимот од графички дизајн да работи заедно. Овие два дена, постојано бевме во контакт едни со други и си дававме предлози и идеи едни на други. Нашата менторка Александра беше навистина супер и од неа имавме голема поддршка во текот на тие два дена. Ги прифативме сите нејзини критики и сугестии и тоа не донесе до крајниот резултат.
Деспина: Дефинитивно Хакатонот до сега за мене претставува едно од најубавите искуства на Академијата за дигитален маркетинг. Низ целиот процес научив многу со самиот факт дека за толку кратко време сите вештини кои до сега сме ги совладале требаше да ги пренесеме на реален проект, предизвикот и мотивацијата беа уште поголеми. Среќна сум што имав ваков тим со кои кликнавме во самиот старт. Според мене тимската работа и кретивниот дух кој го поседува секој од нас во тимот донесе до крајниот резулат. За 48 саати успеавме да создадеме проект што ќе трае во кој верувавме од почеток и сме многу горди на тоа. Запознав одлични дечки и најбитно е што целото искуство беше многу забавно.
Александар: Целиот овој процес беше одлично искуство за мене како почетник на Академијата за графички дизајн. Овој хакатон побара од нас за 48 часа да ги искористиме сите работи што сме ги научиле до сега и да реализираме еден вистински проект, a тоа беше голем предизвик за мене и за мојот тим. Со тимот уште при првата средба што ја имавме на Zoom имаше позитивна енергија која прерасна во нови пријателства и можност за понатамошни соработки. Многу ми е драго што бев дел од овој тим со кој уште од самиот почеток бевме убедени дека ќе направиме нешто на што ќе бидеме горди и мислам дека целосно успеавме во тоа.
Маја: За мене, како почетник на Академијата за графички дизајн, Хакатонот беше еден супер предизвик. Со тимот ‘кликнавме’ уште од самиот старт, иако до тогаш воопшто не се познававме, и знаевме дека на крајот ќе имаме нешто на што ќе бидеме горди. Иако имавме само 48 часа да создадеме комплетно решение за клиентот from scratch, со многу дискусии и размена на идеи (сето тоа на zoom) успеавме да развиеме едно многу out of the box решение што не однесе до победа. Секако, средбите со менторите многу ни помогнаа низ целиот процес. Најважно од се, целото искуство беше мнооогу fun!
Сандра: За мене дефинитивно најдобро искуство досега на Академијата за дигитален маркетинг. Одлична можност да го покажеме досега стекнатото знаење, да научиме по нешто ново од колегите и секако да пробаме да работиме под мал “стрес” затоа што ќе има и такви моменти понатака😀 Како луѓе кои првпат се среќаваат мислам дека имавме супер дружба и заедничка соработка, а исто така бевме супер погодени и стварно се дадовме сите максимално во креирањето на завршниот проект. Дефинитивно би учествувала повторно на хакатон, еве дури си ја бирам и истата група😀 и препорачувам на сите кои сакаат тимска игра и стекнување многу нови знаења.
Ивана: Хакатонот беше едно од најубавите искуства што сум ги имала на Академијата за графички дизајн. Работата во тим беше challenging за секој од нас бидејќи имаше судир на различни стилови, но со open mind, разбирање и меѓусебна почит, добивме одличен резултат. Иако сите бевме од различни групи и не се знаевме, за 48 часа успеавме да се вклопиме, да создадеме и визуализираме целосен проект. Менторите беа од голема помош и ни помагаа правилно да се насочиме кон потребите на клиентот. Иако се одвиваше online, организацијата беше супер и не осетив никаква пречка. Доколку би се организирал хакатон, дефинитивно би учествувала пак.
Together we can make miracles happen.
Доколку сакаш креативна професија и би сакал да учествуваш на хакатоните каде што се работи на реални проекти за реални клиенти, Brainster е вистинскиот избор за тебе.
Oстанати се уште неколку места, резервирај го своето на време!