Запознај ја Цветанка Вељковска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец октомври 2022.

 

Име и презиме: Цветанка Вељковска

По професија: Дипломирана актерка

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш графички дизајн: Затоа што оваа област е доста ценета и има голема примена во денешницата. Сметам дека Академијата е добар почеток за насочување и професионално искористување на креативноста и во дигиталниот свет.

Што те мотивира постојано да учиш: Најголема мотивација за учење ми е натпреварувачкиот дух кој го поседувам, секогаш во дуелот со себе гледам да се надминам. Последователно и резултатите добиени со напорна работа.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Начинот на функционирање и важноста на сите елементи поединечно во целосната структура на дизајнот. При тоа да истражуваш, да креираш, да учиш, а и да погрешиш секогаш да бидеш чекор напред затоа што си пробал.

Омилен модул и зошто: Дефинитивно модулот Motion Design којшто нѐ однесе на скалило погоре од претходните модули и ни даде поголема слобода во изразувањето. Преку најразлични алатки со многу трпелив и искусен инструктор, научивме како секоја наша креација да ја оживееме во видео анимација.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Иако сите инструктори се истакнаа на свој начин, ќе го издвојам Небојша Гелевски-Бане. Секогаш со конструктивни критики ни покажуваше каде сме скршнале и во која насока да се движиме, а секоја нова тема ја предаваше со уште поголеми ентузијазам, енергија и леснотија од претходната.

За 5 години сакам да бидам: Успешен графички дизајнер кој ќе се развие и во областа на 3Д анимација.

Хоби: Сликање, поезија, музика.

Омилена книга: Малиот Принц

Омилен цитат:Врвот на една планина е подножјето на друга, затоа продолжи да се искачуваш!“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫