Симона Петровска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

Запознајте ја Симона Петровска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец ноември 2021.

 

Име и презиме: Симона Петровска

По професија: Графички дизајнер

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш графички дизајн: Цртам и сликам, ме привлекуваше графичкиот дизајн, па решив дека сакам да пробам да го развивам мојот талент. Мислам дека моето запишување на Академијата за графички дизајн е најдоброто нешто што сум го направила за себе.

Што те мотивира постојано да учиш: ,,Learning never exhausts the mind”. Сакам да учам нови работи бидејќи мислам дека учењето нѐ гради како личности, ни дава нови можности и ни отвара нови перспективи, и секако нѐ прави подобри и поуспешни индивидуи.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересна работа што ја имам научено на академијата е најверојатно ,,Pen tool” – алатка која постојано ја игнорирав, а сега ми е една од омилените.

Омилен модул: Лого и визуелен идентитет, затоа што го опфаќа целиот процес на градење на еден идентитет. Цела една приказна за еден бренд, каде што од типографија, илустрација, пакување, се стига до сеопфатно графичко изразување.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Десет плус за сите без исклучок. Целосна посветеност на секој еден инструктор, чекор по чекор синхронизирано од модул до модул. Буквално ни ги отворија сетилата да направат од нас вистински дизајнери. Да издвојам ми е многу тешко, ама нека биде Иван Дургутовски и Александар Нофитоски.

За 5 години сакам да бидам: Не сум личност што сака да планира, ама се надевам графички дизајнер со многустрано портфолио.

Хоби: Цртање и сликање

Омилена книга: ,,Градинарот“ – Рабиндранат Тагоре

Омилен цитат: ,,Reality leaves a lot to the imagination”.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!