Запознај го Борче Пановски – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец ноември 2022.

 

Име и презиме: Борче Пановски

По професија: Раководител на продажен салон

Академија: Академија за Графички Дизајн

Зошто баш графички дизајн: Работењето на проекти, и изнаоѓањето на креативни решенија отсекогаш ме привлекувало. Дополнително, често имам идеи како работите околу мене би можеле да се подобрат за да бидат визуелно поубави.

Што те мотивира постојано да учиш: Најголем мотив да продолжам е кога гледам позитивен резултат од вложениот труд.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Колку работа може да се заврши во минимален рок кога имаш притисок.

Омилен модул и зошто: Немам омилен, но ќе го издвојам последниот, Креирање на визуелен идентитет, бидејќи комбиниравме тоа што сме научиле досега при работа на реален проект.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Небојша Гелевски – Бане, многу енергија, максимална посветеност и позитивен дух.

За 5 години сакам да бидам: Сениор графички дизајнер

Хоби: Велосипедизам

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!