Запознајте ја Теодора Трајковска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец јуни 2022.

 

Име и презиме: Теодора Трајковска

По професија: Дипломирана медицинска сестра

Академија: Академија за Графички Дизајн

Зошто баш графички дизајн: Уметноста, фотографирањето и технологијата се едни од сферите за кои имам посебен интерес, а графичкиот дизајн е совршен склоп на истите. Сметам дека тука ќе можам да ја истакнам својата креативност и дополнително да научам повеќе за дизајнерската професија.

Што те мотивира постојано да учиш: Главниот мотив за учење ми е успехот, кој сметам дека се постигнува само со несебично вложување и работа.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Иако поминаа само неколку месеци од почетокот на Академијата, верувам дека ќе научам и стекнам нови и трајни искуства до крајот на истата, кои ќе ми се од голема корист во животот. Како најважна, ќе ја истакнам поттикнување на креативноста и имагинацијата.

Омилен модул и зошто: Техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми (InDesign), од секогаш сум била љубител на печатените медиуми (книги, списанија, магазини), но само од страната на читател. Во текот на овој модул потполно ми се промени погледот на истите, од дизајнерски аспект и фактот дека колку што е важна книгата важна е и корицата.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Александар Поповски и Небојша Гелевски – Бане се инструкторите кои ми оставија најголем впечаток во првите неколку месеци откако сум студент на оваа Академија, се разбира со посебна почит и кон другите инструктори. Го пронајдоа вистинскиот начин и пристап како да ни го задржат вниманието и одблиску да ни ги доловат модулите и да ни го зголемат интересот за графичкиот дизајн, а сето тоа „зачинето“ со многу смеа на часовите.

За 5 години сакам да бидам: Успешен графички дизајнер со реализирани големи проекти зад себе, со што и подобра верзија на самата себеси.

Хоби: Слушање музика и возење велосипед.

Омилена книга: Еден ден во декември од Џози Силвер.

Омилен цитат: “Dream big, work hard.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!