Оформивме тим од експерти кои несебично ќе ти го пренесат своето долгогодишно искуство и ќе ти помогнат да станеш најдобар дизајнер. Погледни ја работата на твоите инструктори на Академијата за графички дизајн, секој со свој индивидуален стил и приказна.

Дизајните на Зоран Кардула

Повеќе од 24 години е професионалец во областа на графички дизајн и 30 години професионално се занимава со сликарство.

На Академијата за дизајн со Кардула ќе научиш твојата идеја да ја претвориш во  комплетен дизајн на постер.

Дизајните на Небојша Гелевски

Со повеќе од милион дизајнирани и испечатени страни, креирани брендови на бројни компании, е првиот човек на Кома лаб, една од водечките агенции за графички дизајн и печатење во РМ. 

На Академијата за дизајн  Бане ќе ти пренесе што е можно повеќе од неговото знаење преку одличните предавања за Типографија и  Layout .

Дизајните  на Кирил Ѓоргов

Графички дизајнер со 6 годишно искуство во повеќе маркетинг агенции и freelance експерт за наши и странски брендови.

Со Кире ќе ги  научиш сите алатки и функции на Фотошоп и ќе направиш дизајни за кои сите ќе зборуваат.

Дијана Димитриевска

Графички и индустриски дизајнер, концептуалист со разнолико работно искуство во дизајн студио, печатница и маркетинг агенција. Арт директор во WeAreLaika.

На Академијата за дизајн со Диди ќе  направиш најкул  Package дизајни.

Венчо Милошевски

Графички дизајнер и арт директор кој работи со поединци и организации со крајна цел да создаде функционални и елегантни дизајн решенија.

 Агенциското искуство вклучува: Savvy, Mexico City и Publicis, Skopje.

Со Венчо ќе ги научиш сите алатки и функции на Илустратор кои веднаш ќе можеш да ги примениш.

Александар Нофитоски

Сениор дизајнер во маркетинг агенцијата “Sign Up” со над 4 годишно искуство во областа на дизајнот во маркетинг агенции и  работа на freelance проекти.

Александар ќе те научи како да дизајнираш лого и целосен брендинг.

Јане Наумоски

Сениор UX/UI дизајнер во Ендава. Со голем ентузијазам работи и се усовршува како дизајнер повеќе од 10 години.

На Академијата за дизајн со Јане ќе научиш да размислуваш како UX/UI дизајнер.

Во блиска соработка со менторите ќе изработиш повеќе од 10 готови проекти кои ќе ги вметнеш во твоето ново дизајн портфолио. ?

Уписите се во тек!  Академија за графички дизајн