Запознај го Давид Шојиќ – Новиот инструктор на курсот за WordPress во Brainster!

Си направивме убав муабет со Давид Шојиќ, новиот инструктор во Brainster по курсот за WordPress. Давид е супер кул лик кој успешно ги балансира своите хобија и интереси со кариерата како WordPress Developer во Webpigment и во која има повеќегодишно искуство.

Здраво Давид! Добредојде во Brainster! Се радувам на нашата соработка за ваква интересна тема како што е креирањето на WordPress страници. Оваа платформа со своите надградби нуди многу можности, и има огромен потенцијал за реализација и целосно поставување на една идеја/бизнис/проект online.

Сподели со нас, како за почеток, неколку зборови за себе. Кој е Давид, и какo го поминува своето слободно време? 

Здраво Брејнстеровци, супер што сум дел од вашето друштво! Давид Шојиќ е WordPress Developer кој доаѓа од Куманово и работи на возбудливи и предизвикувачки проекти за странски пазари. Во слободно време свири гитара, сака да се повози на подолги релации со моторот…ужива во добра музика и Rock and roll свирка и сака да биде опкружен со добро друштво и добро пиво 😀

Имаш повеќегодишно искуство со WordPress и си дел од тимот на Webpigment. Како започна да работиш во WordPress и што те привлече кај него?

Со WordPress почнав сосемa случајнo. Пред неколку години, на брат ми му требаше блог сајт за негово интернет радио.  Ме замоли да го разгледам и „расчепкам“ убаво WordPress и да му направам страница. Иако претходно имав слушано за WordPress, никогаш не сум го разгледал добро, односно, сè до тој момент никогаш немав изработено било каква веб страна.
Откако се потрудив да ја сфатам и разберам платформата и го поставив сајтот,  ми стана интересно и ме заинтригира што понатаму можам да правам овде, па оттука започнува и моето работење со WordPress.По некое време се охрабрив и отворив профил на Elance (сегашен Odesk) и почнав да работам како freelancer.

Она што најмногу ми се допаѓа, и е најзабавен дел во работењето со WordPress се дружбата со луѓето и заедницaта на креативни, снаодливи и умни глави кои стојат позади работата на оваа платформа. WordPress Community-то има репутација на многу силнo заедништво worldwide,  и на некој начин сме како едно т.н. братство-единство 🙂  Многу често се организираат Meet-up-и, WordPress Camp-ови кои се секогаш отворени за сите- од професионалци па до почетници и ентузијасти. На овој начин многу луѓе се собираат, дружат и несебично го делат своето знаење, искуство и новости, и сè со цел да се унапреди и надгради самата платформа.

Издвој ни некое интересно и предизвикувачко искуство што си го имал при работата во WordPress, hacks, некој омилен проект на кој си работел и сл.

Хм, па сите ми се драги 🙂 Имав една смешна ситуација не толку поврзана баш со предизвиците на WordPress, но проблемот со него и тоа како ми предизвика главоболки 🙂 Работев со клиент кој имаше ставено ист user и password на страницата, односно: admin | admin. Многу јасно, лесно беше хакнат и морав брзо да интервенирам за што побрзо да ги спасам важните податоци. Затоа напоменувам за било какви ситуации, луѓе, никогаш не користете ист username и password, и никогаш admin 🙂

Еден од омилените проекти ми е работата за еден популарен македонски бенд, но за тоа повеќе ќе им кажам на учесниците на курсот.

Што би им порачал на оние кои сакаат или веќе си резервирале место да го посетуваат овој курс? Што да очекуваат?

Очекувајте, и ви го тврдам ова најсигурно- после овој курс ќе можете самостојно да креирате веб страна на било која тема и по барања на било кој клиент. Пораката како за крај на ова интервју, а која не важи само за курсот за WordPress туку и за сè oстанато е дека – учењето нема да заврши после курсот. Клучно е да се продолжи со учење и надградување секогаш и секаде, па така, се надевам дека голем дел од учесниците на курсот за брзо ќе ми станат колеги и ќе бидат дел од WordPress Macedonia Community-то, па и пошироко, зошто да не, и така постојано ќе го надоградуваат своето знаење.

Доколку сакаш да научиш сè за WordPress заедно со Давид, пријави се овде.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.