Запознај ја Анита Николоска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец ноември 2022.

 

Име и презиме: Анита Николоска

По професија: Адвокат

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш Data Science: Поради можноста за креативност во анализата на податоци. Како и многу интересни предвидувања, анализи преку моделите во Machine Learning, па анализа и бои во бизнисот преку Power BI. И ред други работи. Да не речам, сѐ што се учи, го нуди.

Што те мотивира постојано да учиш: Едноставно, мозокот ми работи 100 на саат и мора да го анимирам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Уф, тешко е да се одбере. Креирање Dashboard во Power BI и Classes во Python.

Омилен модул и зошто: Power BI. Поради можност за анализа на бизнис, во БОЈА. Но, и Python, зошто е најдобар програмски јазик, може да се направи скоро сѐ.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Иван Гочев и Александар Бошевски.

За 5 години сакам да бидам: Data Scientist

Хоби: Кросфит, планина, баскет.

Омилена книга: To kill a mockingbird – Harper Lee

Омилен цитат:Use your brain (if you have it).

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!