Запознај ја Ангела Поповска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец април 2023.
Име и презиме: Ангела Поповска
По професија: Проектен асистент
Академија: Академија за Data Science
Зошто баш оваа област: Сметам дека напредоците во Data Science полето нудат можност за револуционизирање на многу системи, а она што посебно го почитувам се непроценливите откритија што се случуваат во полето на медицината, како на пример усовршувањето на персонализираните планови за лечење, предиктивната дијагностика и медицинската роботика.
Што те мотивира постојано да учиш: По природа сум многу љубопитна и сум водена од внатрешниот порив секојдневно да ја зголемувам мојата продуктивност. Обожавам кога успевам да ги поврзам професионалните ангажмани со личните интереси, тоа ми дава чувство како навистина да сум на вистинскиот пат.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Python – бидејќи со помош на тоа што го научив на Академијата досега успеав да автоматизирам неколку процеси кои ја зголемија мојата продуктивност на работа, посебно во однос на времето и прецизноста коишто ми се потребни за обработка на неколку многу важни извештаи. Задоволството кое доаѓа во моментите кога ќе успееш самостојно да напишеш Python код кој не само што ќе ти „заштеди“ цела недела напорен труд, туку и ќе ја зголеми точноста на спроведените анализи е фантастично.
Омилен модул и зошто: Machine learning, бидејќи имам чувство како навистина да се случува магија. Предиктивната моќ на комплексните алгоритми, модели и податоци коишто работат заедно за да откријат патерни и да научат цели системи од нив, невидливи за човечкото око, за мене е една од најимпресивните работи со кои сум се сретнала.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Досега имавме неколку прекрасни инструктори, сите со свои посебни квалитети. Бошко Колоски, поради тоа што не само што е генијалец во својата област, туку и затоа што вложува огромен труд да го пренесе своето знаење. Секогаш оди подалеку од тоа само да го предаде материјалот и се труди да нè инспирира. Александар Атанасов бидејќи имаше одлично структуриран материјал. Ангела, бидејќи успеа многу комплицираниот Python да ни го долови на толку едноставен начин, но и Валентин, бидејќи имаше многу трпение додека работев на проектот во Python и ми помогнам да ја „видам шумата од дрвјата“.
За 5 години сакам да бидам: Data Science Project Manager
Хоби: Хајкинг, заради тоа што ми овозможува реконектирање со природата, како и физички и ментален предизвик.
Омилена книга: „Идиот“ – Фјодор Достоевски
Омилен цитат: „Хаосот е само ред што чека да биде дешифриран.“
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!