Студентите кои се прашуваат како е на работа, ќе добијат можност да го увидат тоа. Јуни ќе биде исполнет и возбудлив месец за студентите на Brainster и Brainster Next колеџот!
Нѐ очекуваат два големи 48-часовни хакатони коишто ќе се одржат на 15-16.06 и 29-30.06. Во овие два интезивни викенди студентите од креативните, а потоа и од техничките академии, ќе изработуваат решение за нашиот партнер САВА осигурување. На настанот има вкупно 117 пријавени студенти и тие ќе бидат распределени во 10 соодветни тимови.
„Хакатоните се уникатна можност само за студентите на Brainster и Brainster Next колеџот. Во ниту еден приватен или државен факултет, студентите не ја добиваат оваа прилика. Талентите што ќе работатат во ваква динамична астмосфера, избираат да ги надградат своите знаења и да стекнат нови тврди и меки вештини. Работата во компаниите и агенциите знае да биде доста динамична и непредвидлива. Па така, со учествувањето во хакатонот ќе воочат како се снаоѓаат во ваква средина“. – изјавува Деница Стојкоска од тимот „Партнерства“ во Brainster.
Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!
Хакатоните се вистински предизвик за динамичните таленти коишто се желни да го покажат своето практично знаење. Целта на хакатоните е симулирање на реална работна средина во која студентите преку соработка ќе креираат концепт-решение. Во ограничениот временски период, студентите ќе треба да разменуваат идеи, да наоѓаат решенија и да делуваат според своите стратегии и планови.
Тимот „Партнерства“ се гордее со мотивираните студентите кои се спремни да излезат од конфорт зоната. Деница Стојкоска, за време на мокап интервјуата за Brainster Job Fair, вели дека повеќето студенти споделиле дека хакатоните најмногу им оставиле впечаток за време на своето студирање.
„Ги советувам студентите да дојдат фокусирани и подготвени; да се потсетат на претходно стекнатото теориско и практично знаење, да си ги ‘засукаат ракавитe’ и да бидат спремни за работа“. – советува Стојкоска