Brainster Job Fair е организиран во корист на кариерната иднина на студентите. Утре во Лабораториум, 200 студенти од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот ќе го „скршат мразот“ во корпоративниот свет претставувајќи се на педесетина компании од различни индустрии. Целта на настанот е идните ИТ кадри во земјата да остварат долгогодишни работни контакти со можност за пракса или вработување.
Последните две недели ги претставуваме партнерите на Бреинстер и компаниите што ќе учествуваат на најголемиот ИТ саем за вработување во земјата. Во меѓувреме, тимот „Партнерства“ ги подготвуваше студентите за првиот впечатoк што ќе го остават пред претставниците од компаниите преку мокап интервјуа и подготовка на CV, портфолија и LinkedIn профили.
Голем дел од партнер-компаниите што ќе учествуваат на настанот го сочинуваат регрутерски компании како Manpower, Emapta, Olive jobs, DEKRA, Frontwise, Thrivity, Office people и Sphise. Како експерти во својата област, претставниците на овие компании можат да им помогнат на студентите со релевантен совет. Овие регрутерски компании користат софтвери и платформи кои им помагаат на кандидатите да стигнат до својата идеална работна позиција. Понатаму, преку процес на интервјуа и разговори и со помош на нивната експертиза, ги поврзуваат кандидатите со големите ИТ компании. Несомнено, саемот претставува одлична можност за младите таленти кои првпат навлегуваат во корпоративниот свет да ги покажат своите знаење и вештини и да бидат препознаени од регрутерите.
Големите телекомуникациски компании A1 и Telekom се секогаш во потрага по нови кадри да се приклучат во своите тимови. Brainster Job Fair е одлично место за поврзување со потенцијални вработени коишто би им се приклучиле на тимот.
За креативните студенти со пасија за креирање маркетинг кампањи и оние кои визуелно се изразуваат, настанот е одличен за запознавање со маркетинг и дизајн агенции на саемот. Младите професионалнци ќе можат да избираат помеѓу студија, локални и глобални водечки маркетинг агенции како Publicis, New Moment, YOCTO, Division, Funnel Boost, Monks Agency, LeanSEM, IOLite, SoPro и Cognism. Во разговор со овие компании, ќе можат да ги претстават своите вештини и своето портфолио со реални проекти.
На настанот ќе се појави и B2 Solutions како експертска компанија што нуди консултации за канцелариско и просторно планирање. Целта на B2 Solutions е да прерасне во првата компанија што освен консултантски услуги, ќе нуди и продукција и инсталација на истите.
Cineplexx и Gley се идеални медиумски компании за креативните студентите што имаат пасија кон филмови и телевизиски серии.
Во делот на финансии, осигурување и технологија, ќе учествуваат партнерите Sava, NLB, ProCredit Bank и Casys. Се работи за препознаени компании во региониот коишто опстојуваат долго време на пазарот благодарејќи на следење на брзиот технолошки развој.
Учество ќе заземе и Leoron, e лидерска едукативно-технолошка компанија во EMEA регионот. Институтот нуди професионален развој и релевантни сертифити за наоѓање на соодветна работна позиција.
На врвот на своите технолошки достигнување, софтверските партнер-компании на Бреинстер, ќе овозможуваат кариерен почеток на потенцијалните кандидати на саемот. Се работи за реномирани и светски и локални софтверски компании (Pabau, DEPT, Intertec, 2coders, Ultrasoft, HSO, Slice, Таргет Груп, Mak System, Proxiad SEE, SturtUp Makedonija, Init, Native Teams, Frontlogix) кои имаат свои простории и во Скопје. Ваквите компании можат да понудат големо портфолио на работа со интернационални клиенти. За возврат, бараат млади кои ќе им помогнат да одат напред во ИТ светот во изнаоѓање на иновативни технолошки достигнувања.
На саемот за вработување, ќе присуствуваат и водечките супермаркети со иновативен пристап кон технологијата Lidl, Tinex и онлајн супермаркетот Пакет.мк.
Во интервјуата со партнер-компаниите, разговаравме за нивниот интерес за ваков тип настани и како со задоволство чекаат да ги слушнат размислувањата и идеите на младите. На пример, основачот на FitKit апликацијата за велнес и здравје очекува напредни ентузијасти кои ќе ја проучат апликацијата и ќе им пристапат со идеи како да ја подобрат.
Секако, свое катче на саемот ќе има и Бреинстер како #1 образование што вработува. Тимот со огромно задоволство го организира овој настан, свесен за влиајнието што ќе го има на ИТ индустријата во регионот. Бреинстер веќе неколку години ги поддржува студентите во процесот на вработување. Бреинстер им помага на студентите со организирање вакви настани и можности како отскочна даска во професионалниот свет.
Спонзори на ИТ саемот за вработување настанот ќе бидат винаријата Камник, B2 Solutions, Smart Living/KARE и Бучен Козјак.
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).