Овој викенд се одржа 48-часовен хакатон со студентите од креативните академии од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот. Во ограничена временска рамка, учесниците имаа цел да изработат креативно решение за клиентот САВА Осигурување.
Поделени во девет групи, стотина студенти разменуваа идеи, искуства и експертизи за да стигнат до крајното победничко решение за веб-апликација за кориснички профили.
Настанот го отвори генералната директорка на САВА Осигурувања, Мелита Гугуловска, поздравувајќи ги талентите и посакувајќи им успешна работа. Ги потсетува студентите дека со овој хакатон добиваат одлична шанса да бидат претставени пред цела групација: „Гледајте на ова како на личен предизвик и можност за иден раст на кариерата“.
Деница Стојкоска од тимот „Партнерства“, како некој што постојано ја следи работата на студентите и ги знае сите нивни проекти, изјави дека има целосна доверба во креативците и верува дека одлично ќе се покажат и на овој голем проект.
Просториите на Бреинстер беа исполнети со динамична и енергична атмосфера, тимска соработка и поддршка помеѓу студентите. Тимовите работеа напорно за остварување на своите идеи и концепти, стекнувајќи се со уникатното искуство да учествуваат во симулација на реална работна атмосфера.
Доколку сакаш да студираш и ти во #1 образование што вработува, провери ја достапноста на групите!
„Присуството на овој хакатон во живо е од исклучително значење за мојот професионален развој. Дел сум од доброискординиран тим каде се поддржуваме еден со друг и комуницираме помеѓу себе. Воопшто не ми е битно дали ќе победи нашето решение, многу поважно ми е лично јас да научам од колегите и од моите грешки и да добијам конструктивна критика. Хакатонот е супер прилика да го проверам своето знење“. – Наташа Павловиќ, студентка на Академија за UX/UI дизајн.
Во текот на хакатонот, студентите беа посетувани од своите ментори пред кои ја споделуваа својата досегашна работа и добиваа совети за подобра егзекуција на тимското решение.
После еден од менторските сесии, инструкторот Златан Мујчин сподели дека, како и секогаш, е импресиониран од креативноста и интелигенцијата на студентите и од нивната снаодливиост дури и кога немааат доволно информации. Тој потенцира дека хакатонот е супер за студентите затоа што ретко кој има можност да работи на ваков проект за дигитализација. Особено за компании кои до пред некоја година се сметаа дека немаат никаква потреба од ИТ-сервиси.
Жири-комисијата која во следните неколку дена ќе го избира победничкото решение, од страна на претставниците од САВА Осигурување е составена од генералната директорка Мелита Гугуловска и извршниот директор Кристиан Лешков. Во одлуката ќе им помогнат и инструкторите од академиите – Михајло Тунев и Виктор Милевски.
Од САВА Осигурување се воодушевени од презентациите на студентите и од едноставноста на нивните решенија. По одлично презентираните решенија за веб-апликација за кориснички профили, генералната директорка Гугуловска изјави:
„Студентите покажаа голем интерес и посветеност, при што за 48 часа успеаа да дадат предлози за креативни, функционални и практични предлози за проектната задача.
Како компанија ние сме многу сме горди што одлучивме да им дадеме поддршка и можност да работат на реален проект“.
Ова искуство не само што ги потикна студентите да развиваат таленти и вештини во решавање на реални предизвици туку и на нас како компанија ни овозможи пристап на нови иновативни решенија“.
Лешков, исто така, ја пофали посветеноста на талентите и динамиката на тимовите:
„Премногу интересни решенија, позитивна енергија и посветеност на проблематиката покажаа студентите на овој хакатон.
Ентузијазмот и иновативноста што ги демонстрираа студентите се за пофалба и им посакуваме да продолжат понатаму со истата енергија која без сомнение ќе ги доведе до успех и напредок во нивните кариeри“.
Хакатоните се одржуваат со цел студентите да увидат како е да се работи под притисок, во динамична работна средина и во ограничен рок. Исто така, овие настани се идеална можност студентите да ги збогатат своите портфолија со реални проекти за големи и признаени компании.