Тимот на инструктори и професори: Поединци кои несебично го споделуваат своето знаење

Оваа година, Brainster гордо ја одбележува својата осма година од постоењето, значаен milestone во нашето патување. Покрај славењето на достигнувањата, сакаме да го насочиме вниманието на непроценливиот придонес на нашите посветени инструктори и професори кои служат како столб на нашата мисија да ги опремиме професионалците со вештините на 21 век.

Нашите инструктори и професори, не се само едукатори; тие се поединци кои несебично го споделуваат своето знаење и експертизата од реалниот свет во индустријата. Тие се страсни професионалци, чиј примарен фокус е растоти развојот на нивните студенти, ментори врзани со заедничка цел: совладување на вештините од страна на студентите и можност да ги остварат своите соништа.

 

 

Овие основни принципи ја формираат основата на мрежата на инструктори и професори на Brainster, заедница составена од 150+ професионалци, внимателно негувани и развиени во текот на изминативе 8 години.

Тие играат клучна улога во обликувањето на следната генерација лидери од различни области и премостување на јазот за професионалци кои се стремат да држат чекор со барањата и вештините на 21 век. Заедно, ја исполнуваме нашата основна мисија –  да го подобриме образованието и начинот на кој луѓето ги учат новите вештини потребни за дигиталните индустрии, а со тоа и да создадеме квалитетно образование за вработување.

 

 

Мрежа од 150+ професионалци од областа

Денес, нашиот тим брои +150 инструктори и професори, професионалци од индустријата кои постојано промовираат интерактивна, поддржувачка и мотивирачка средина, создаваат можности за студентите активно да учествуваат во процесот на учење, ги обликуваат студентите преку преку искуства, наместо преку учење напамет.

Ви благодариме што ги обучувате и инспирирате идните иноватори и лидери! Се радуваме на уште многу години посветени на мисијата за обликување на иднината на образованието.

 

 

Што велат нашите инструктори за искуството во Brainster и кој е нивниот совет до студентите?

Александар Нофитоски е инструктор на нашата Академија за графички дизајн, како и Академијата за UX/UI дизајн, а воедно ги предава модулите „Дизајн на визуелен идентитет“ и „UI дизајн“.

Тој ни раскажа дека, го одбрал дизајнот како професија бидејќи сака визуелно решавање на одредени проблеми, сето тоа да изгледа добро, а воедно да биде и функционално.

На сите сегашни и идни студенти би им посочил дека нивното учење никогаш нема да престане. Прашувајте: нема добро или лошо прашање, сите прашања се добредојдени. Исто така, решавајте ги проблемите на едноставен и функционален начин. Како и никогаш не останувајте само на едно решение, истражувајте за да на крајот бидете сигурни дека вашиот предлог дизајн функционира“, ни сподели тој.

 

 

Катерина Крстовска е инструктор на нашата Академија за Software Testing, која ги предава модулите: SCRUM, SQL, Linux, Manual Testing и REST API.

Таа ни раскажа дека ужива во секој момент од нејзината работа, постојано го споделува своето искуство на предавањата и сака да го извлече најдоброто од студентите.

Од досегашното искуство, можам да кажам дека најлесно поминуваат студентите кои не се воздржуваат да прашаат доколку имаат некои нејасни работи. Така што, користете ги асистентите и инструкторите за сите нејаснотии. Совладајте го најпрвин теоретскиот дел, бидејќи е исто толку важен како и практичниот. Доколку имате дополнително време за работа, читајте по блогови, гледајте видеа, вежбајте дополнителни задачи или едноставно истражете некоја нова алатка за тестирање“, сподели Кате.

 

 

Марко Ивановски е Head of Digital во агенцијата Cherry Cannon Creative Studio, а воедно инструктор и ментор на нашата Академија за дигитален маркетинг кој го предава модулот Social Media Advertising.

„Студентите на мојот модул ќе се запознаат со „другата“ страна на социјалните мрежи, односно ќе се запознаат со делот на креирање реклами кои можат во иднина да ги искористат за градење на свој бренд или продукт. Мој совет до сите студенти е слободно да прашуваат сѐ што не им е јасно, бидејќи нема друг начин како да го совладаат материјалот. Убавината на дигиталниот маркетинг е можноста да учиме едни од други и преку различни искуства од различни области, да напредуваме заедно. Don’t worry, nobody can steal your knowledge!“ – раскажа Марко

 

И во следните години тимот на Brainster ќе се зголемува со професионалци што ја делат истата страст за поттикнување промени во општеството. Поради зголемен обем на работа и рекордно запишаниот број на студенти на сите академии на Brainster, како и на Brainster Next College, бараме нови колеги во тимот. 

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.

Откриј повеќе за бесплатниот AIatWork настан