Тимот на Brainster – професионалци кои создаваат квалитетно образование за вработување

Годинава Brainster го слави осмиот роденден. Од стратап компанија со тројца вработени и ограничени ресурси во 2015 година, денес Brainster е водечка едукативно-технолошка организација, правејќи значителни чекори во образовниот сектор и ИТ-индустријата. 

Тимот на Brainster е збир на повеќе од 70 вработени со полно работно време и 150+ инструктори, професори и соработници. Она што нѐ обединува е заедничката страст да ја поддржиме дигиталната трансформација на глобално ниво преку креирање на образование за вработување и подобра иднина за многу луѓе во целиот процес.

 

 

Горди сме што сите членови на нашиот тим се обединети со еднинствен збир на вредности и цели, односно:

  • Континуирано подобрување, иновации и автоматизација;
  • Тимска работа и индивидуална продуктивност;
  • Секогаш посветени на задоволството на студентите;
  • Постојано учиме и споделуваме знаење;
  • We take the high road;
  • There’s no I in TEAM;

 

Интересно е да се спомене дека поголем дел од нашите вработени се алумни или тековни студенти на некоја од Brainster Академиите,  што покажува колку и самите веруваме во своите образовни програми и вештините што ги стекнуваат студентите.

 

 

Што ни сподели тимот?

Ние работиме напорно, работиме паметно – “There is no I in TEAM“. Ова е нешто на што особено обрнуваме внимание, бидејќи само така може да градиме позитивна работна средина.

Вработените во Brainster уживаат во непроценливите придобивки од оваа атмосфера, вклучувајќи континуирано учење, подобрување на вештините, флексибилно работно време и слобода за работа од која било локација. Овие придобивки не само што го поттикнуваат личниот раст, туку придонесуваат и за соработката што го дефинира нашиот тим, правејќи го Brainster уникатно место за работа.

 

 

Јана Тодоровска e Team Lead во Partnerships тимот на Brainster, дел од (dream) тимот кој се грижи за обезбедување на реални проекти за студентите во текот на нивното студирање и за склучување на партнерства со компании кои вработуваат студенти од Brainster.

„Во нашата организација, едно нешто што дефинитивно е најуникатно е тимот. Tимот којшто секогаш опсесивно и мотивирано работи кон остварување на визијата на организацијата. Тимот кој инвестира во учење, растење и градење на секој човек поединечно според неговите квалитети и неговите јаки страни.“ – сподели Јана.

 

 

Петар Трендафилов e Finance & Automation officer во тимот за Финансии и Администрација на Brainster кој смета дека најголемата поддршка за него и неговата работна позиција е компаниската политика за синхронизирана тимска работа без која би било скоро невозможно да се работи со „полна пареа”.

„Менторскиот пристап кон решавање на проблемите наместо покажувањето со прст кога некој греши или избрзува (а се случува, луѓе сме, грешиме) е незаменлив бенефит во секоја ситуација и ми дава мене и на моите колеги дополнителен мотив да прифаќаме предизвици и успешно да ги надминуваме.“ – сподели Петар.

 

 

Маја Лазаревска е Grant Specialist во Brainster, како мајка она што буквално ѝ го променило животот е флексибилното работно време и можноста да се работи од каде сакаме и сами да го планираме денот. Смета дека ваквата флексибилност ѝ овозможува да биде многу посреќна, посмирена, поприсутна мајка, пријателка и воопшто повеќе и поквалитетно присутна во животот на нејзините блиски, а многу продуктивна на работното место.  

„Brainster е едно многу уникатно место за работа кое искрено се надевам дека ќе послужи како пример за трансформација и ќе се земе како позитивен пример за работна организација која носи резултати, раст и општо задоволство. Во Бреинстер со сигурност можеш да очекуваш дека сѐ што ќе вложиш ќе биде забележано, признаено, наградено и додека придонесуваш и се развиваш ќе имаш континуирана поддршка од сите“, ни раскажа Маја.

 

И во следните години тимот на Brainster ќе се зголемува со професионалци што ја делат истата страст за поттикнување промени во општеството. Поради зголемен обем на работа и рекордно запишаниот број на студенти на сите академии на Brainster, како и на Brainster Next College, бараме нови колеги во тимот

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.



AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!