Едно од прашањата кои во Brainster ги добиваме често е “Дали можеме да станеме програмери за 6 месеци?”. За да ти го одговориме тоа прашање решивме да споделиме 50тина приказни за наши учесници кои успеале во тоа.

Бранко Петкоски е еден од нив, кој по завршување на Академијата се вработи во една од поголемите програмерски компании во Македонија, а тој ќе ви каже каде.

Уписите се во тек. Види ја програмата на http://codepreneurs.co/

Бране, стана програмер преку 30 неделната Академијата за Програмирање. Како си помина?

Го знаете оној сон кој сите сме го имале како мали, за училиште каде што ќе има одлична атмосфера и ќе го учиме само она што го сакаме? Aкадемијата беше токму тоа за мене. Атмосферата на часoвите беше одлична, меѓутоа стекнав и нови пријателства, луѓе со кои останувавме до рано наутро и кодиравме. Но најважно од сѐ што успеав да се вработам по завршувањето на програмата за да можам да ги применувам работите кои ги научив на академијата. Се вработив како програмер во doXteam .

Зошто реши  да си дел од Codepreneurs? Со што се занимаваше пред Академијата за Web Development?

Пред да се запишам на академијата се занимавав со Android Development. Главна причина поради која што се запишав на академијата беше делот со Back-End Development. Голема улога во изборот беше и фактот што на академијата се работи на реални проекти.

Како се станува програмер од почетник? Има ли некоја тајна? 🙂

Да, има тајна, сè што треба да направите е да почнете. Одвојте неколку часа секој ден и почнете да пишувате код, почнете да решавате проблеми и направете нешто свое и споделете го со светот. Не треба да се грижите дали постои таква апликација и како да заработите, само споделете го вашиот код со светот. Програмирањето е можеби единствената професија каде што никој нема да ве критикува ако го немате најдоброто решение, туку ќе добиете еден тон сугестии како нештото да го подобрите.

MoeCV.mk е еден од твоите први големи проекти како програмер. Кој ти беше најголемиот предизвик?

Со МоеCV.mk имавме два големи предизвика. Првиот предизвик беше самата организација на тимот и поделбата на работата. Oва иако ни изгледаше како банална работа се испостави дека е клучен фактор за продуктивноста. Вториот предизвик беше тоа што сакавме да имаме едно скаларно решение за подоцна да можеме да додаваме нови функционалности. Имаше ситуација каде што рековме „еј дечки, ова не е доволно добро, ќе го напишеме одново“.

rabota kako programer

Да се биде програмер е предизвикувачка професија. Што треба да поседува секој иден програмер за да го следи својот сон? 🙂

Постои еден мит кој вели дека треба да си роден за да бидеш програмер. Но тоа е само мит. На оние кои сакаат да станат програмери би им препорачал неколку работи:

  • Почнете веднаш – Нема подобро време од сега за да започнете да кодирате. Не се преоптоварувајте со тоа со кој програмски јазик ќе започнете, само почнете! Brainster Академијата за програмирање е одлична можност која ја препорачувам.
  • Решавајте проблеми – Луѓето мислат дека да се биде програмер е да се куца код, но всушност како програмери ќе решавате проблеми.
  • Бидете глупави – Секогаш поставувајте прашања ако нешто не ви е доволно јасно. Никогаш нема да знаете сѐ и тоа е сосема во ред.     

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја програмата тука.

Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za programiranje skopje, академија за програмирање скопје, академија за кодирање.