Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
Секој месец ќе избираме по еден студент од секоја академија – студент што ќе се истакнува како најпосветен и најупорен и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.
Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец март:
Маја Трајковска Педд, студент на Академијата за дигитален маркетинг
“Изучување на сѐ што е поврзано со дигиталниот свет е вештина која ќе ни биде корисна во работата и секојдневието, особено во ова време кога моравме за кратко време да го смениме нашиот живот со дигитален. Желбата да се научи нешто ново ми е секогаш присутна, на тој начин се градиме и себеси како личности. На секое предавање учам нешто ново. Особено ми е беа интересни предавањата за email marketing, lead nurturing, landing page. Во исто време кога започнав со академијата креирав веб-сајт, заедно со уште еден студент од мојата група, сајт на кој ќе можам да се вежбам и да го тестирам досегашното знаењето. Се трудам да научам што повеќе за секој дел од Дигитал Маркетинг. Од предавањата очекувам да имам предзнаење од сѐ по малку за понатаму да можам да се специјализирам и посветам во оној дел кој најмногу ме привлекува. За 5 години се гледам себеси во различни сценарија, на пример како дел од некоја маркетинг агенција или Дигитал маркетинг freelаncer. Со оглед на тоа дека живеам во Амстердам, Холандија, највеќе се гледам себеси како сопственик на маркетинг агенција, односно се надевам и би сакала да стигнам до тоа ниво.” – ни кажа Маја.
Маријан Каровски, студент на Академијата за Full Stack програмирање
“Најголема мотивација ми е задоволството што го учам тоа што отсекогаш сум го посакувал и надоградбата на себе си. Кога правиш нешто што те исполнува максимално, мотивацијата доаѓа сама по себе. Учењето на нови информации и нови предизвици дополнително ја зголемува мојата желба за учење, а со тоа расте и мотивацијата да бидеш подобар секој ден. На секое предавање учам нешто ново и тоа самото по себе за мене е интересно и предизвикувачко. Од сите инструктори до сега научив премногу и ми имаат оставено позитивен впечаток. Сите беа максимално посветени и несебично го делеа нивното знаење со нас на предавањата и надвор од нив. За 5 години од сега себеси се гледам како сениор девелопер кој ќе се надоградува постојано и желбата за учење нема да му згасне никогаш. Објективен, упорен и одговорен во работата се трите зборови кои ме опишуваат.” – ни кажа Маријан.
Фахрудин Ѓурѓевиќ, студент на Академијата за Software testing
“Никогаш не прифаќам да бидам просечен во било која сфера од животот. Доколку се одлучам на некој чекор во животот, се стремам да бидам најдобрата верзија од себеси во тоа, па тоа секогаш и ме мотивира постојано да учам и да се надградувам. Можеби најинтересната работа што сум ја научил е поврзана со Automation Testing-от. Моментот кога вршиме тестирање со пишување на код, а истиот код компјутерот го извршува, некако ми беше највозбудлив дел од наученото. Сите инструктори беа максимално посветени и ни беа ставени на располагање во секој момент во врска со било кој дел од материјалот. Со Моника и Фросина го поминавме најголемиот дел од Академијата па ќе ги издвојам и двете, секако заедно со нив Душица непрестано асистираше и имаше трпение со нас. За 5 години кога се однесува на професионален план, се надевам ќе имам веќе многу работа и проекти зад себе, и со стекнатото искуство и знаење ќе бидам многу поблиску до титулата QA Engineer.” – ни кажа Фахрудин.
Митко Кинов, студент на Академијата за Data Science
“Одсекогаш ме интригирала условеноста што не ни овозможува да визуализираме во повеќе од три димензии. Па во тој контекст би кажал дека PCA алгоритмите кои ги изучувавме за време на модулот машинско учење (ML) навистина ми го привлекоа вниманието и интересот. По завршувањето на академијата сум решен во најкраток можен рок да почнам со практикување на знаењето и техниките стекнати за време на акадамијата. Исто така, сакам да продолжам со континуирано проучување на машинско учење (ML) и негова примена. Инаку, мое мислење е дека вештачката интелигенција (AI) и машинско учење (ML) како дел од нејзе е предизвик кој нема граници. За 5 години сакам да бидам длабоко реализиран во изучувањето и имплементирањето на различни сегменти од вештачка интелегенција (AI) во роботиката и предвидливо одржување.” – ни кажа Митко.
Валериа Атанасовска, студент на Академијата за Графички дизајн
“Љубовта кон цртањето и дизајнирањето се мојата најголема мотивација за учење. Можам да поминам 2 часа работејќи на некој дизјан или изучувајќи нешто ново, но и да потрошам 10 часа воопшто нема да не ми биде проблем, бидејќи тоа е она што ме прави среќна и исполнета. Дизајнирањето ми е новото Netflix and chill. До сега на академијата научив многу работи, но најинтересно ми беше изучувањето на алатките во софтверите. Со неколку алатки и добра идеја се креира одличен дизајн. еизмерно сум благодарна на сите инструктори на академијата што несебично го споделуваат целото свое знаење со нас како студенти. Јас би кажала едно големо браво за секој инструктор за посветеноста кон секој студент поединечно. Навистина сум задоволна што имам прилика да се стекнам со знаење од вистински професионалци. За 5 години сакам да бидам успешен графички дизајнер со огромно знаење и искуство, дизајнер што ќе биде пример за сите нови ученици и љубители на дизајн. Амбициозна, упорна и креативна се трите зборови кои најдобро би ме опишале мене.” – ни кажа Валериа.
Катерина Кимоска, студент на Академијата за Front-end програмирање
“Денес, животот без постојано учење е незамислив. Постојана мотивација за учење пронаоѓам во фактот дека промените во светот кои потекнуваат од технологијата се одвиваат многу брзо. Мора константно да учиме и да се подобруваме за да можеме да бидеме во чекор со нив. Секоја нова работа што се учи на академијата е интересна на свој начин, но сепак заедничкото решавање со луѓе кои првпат ги запознаваш во животот, и тоа не во живо, а споделуваш иста цел, ми е highlight. Благодарна сум им на четирите девојки од мојата група поради тоа што се дополнителна мотивација и уживам во времето поминато наоѓајќи заеднички решенија за менторските задачи. Секој од инструкторите со кој досега сме имале часови имал големо значење во досегашното знаење што е пренесено на сите студенти, не само мене. Успехот на студентите што ќе произлезат од академијава сепак се должи на сите нив и сме им благодарни за трпеливоста во процесот на нашето учење. За 5 години сакам да бидам подобрена верзија од себе, исполнета со желба и мотивација за примена на знаењата кои сум ги стекнала.” – ни кажа Катерина.
Симона Ѓошева, студент на Академијата за UX/UI дизајн
“Мотивацијата за учењето ја пронаоѓам во секојдневниот прогрес и динамика. Брзо се презаситувам од монотони работи, а академијата и сите проекти на кои работевме до сега се токму спротивни на тоа. Од секое предавање можам да издвојам по некоја интересна работа и секој ментор ми е интересен на свој начин, но ако ги тргнеме на страна предавањата дефинитивно најинтересна работа која ја научив изминативе месеци ми е транспарентната виртуелна комуникација и конекција. Никогаш претходно не верував дека може толку добро да комуницираш виртуелно (на камера) со некого. Можам да кажам дека највеќе научув од Мартин и Јане бидејќи ги предаваат практичните делови од академијата. А како инструктор кој ми остави најголем впечаток ќе ја одвојам Амедеа, со нејзе имавме многу интересна комуникација, а начинот на кој предава е навистина посебен и забавен. За 5 години сакам да бидам сериозен дизајнер со богато портфолио позади мене. Бидејќи многу сакам да патувам и да се запознавам со нови култури и места низ светот, сакам да имам работна позиција која ќе ми овозможи remote работење, како би можела паралелно и да работам и често да патувам или менувам места на живеење.” – ни кажа Симона.
Ова се студенти кои покажуваа ентузијазам , иницијатива и наоѓаа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности . Со видна креативнод и самодисциплина ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно , но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на се што им беше зададено,при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во академијата и надвор од неа,при што останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно,уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.
На крај, сакаме да им кажеме фала на сите студенти кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како инструктори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.
Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!