Андреј Јакимовски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање

Запознај го Андреј Јакимовски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец април 2023.

 

Име и презиме: Андреј Јакимовски

По професија: Data Entry Freelancer

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Зошто баш оваа област: Отсекогаш ми било фасцинанто и ме интересирало како од код се прави софтвер за уредите кои денеска ги користиме. Full-stack го избрав поради „backend“ делот кој се изучува, бидејќи повеќе ме интересира страната на апликацијата што всушност корисниците не ја гледаат.

Што те мотивира постојано да учиш: Можам да кажам дека љубовта кон програмирањето и фактот што можностите во софтверот немаат граница.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Иако не е толку комплицирано, хеширање и верифицирање на пасворди во PHP ми е многу интересна работа.

Омилен модул и зошто: Сите модули што ги изучувавме ги надминаа моите граници на очекувања, но PHP модулот дефинитивно ми е омилен, бидејќи го обработуваме „backend“ делот и е најпредизвикувачки досега.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Навистина сите инструктори беа одлични и го даваа максимумот на активностите кои ги имавме досега, но можеби најголем впечаток ми остави Денис Зибери.

За 5 години сакам да бидам: Дефинитивно Backend или Full-Stack developer.

Хоби: Шах и рекреативно спорт со друштво.

Омилена книга: Повеќе ги сакам психолошките трилери, па би кажал „Злосторство и казна“ од Достоевски.

Омилен цитат: „It takes something more than intelligence to act intelligently.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирањето за ваучер заврши!