Запознајте го Дарко Митовски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец април 2022.

 

Име и презиме: Дарко Митовски

По професија: Дипломиран криминалист, а моментално сум вработен во фирма за енергетска ефикасност. 

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш Front-End програмирање: Отсекогаш сум се воодушевувал на добро дизајнирани и функционални веб страници, па сакав да видам и разберам што се случува behind the scenes. Слободно можам да кажам дека досега со помош на Академијата сме на на одличен пат кон целта.

Што те мотивира постојано да учиш: Мојата љубопитност и предизвиците што си ги носи оваа професија со себе.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Со оглед на тоа што скоро секое предавање на Академијата учиме нови работи, не би можел да изберам една најинтересна работа што сум ја научил досега. Учењето не e линеарен процес, така што секое предавање си носи со себе нови предизвици, што го прави процесот на учење сам по себе уште поинтересен. Можеби најинтересната работа што ја научив на Академијата е дека секојдневното учењето на нови работи е само составен дел од професијата програмер.

Омилен модул и зошто: Јаваскрипт, затоа што научивме т.е уште учиме како веб страниците да ги правиме поинтерактивни и интересни за корисниците.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктури се супер, ама доколку морам да изберам би рекол Огнен. Огнен е одличен front-end програмер, кој несебично го споделува своето програмерско искуство и знаењето со студентите. Достапен во секое време и спремен да даде одличен одговор на сите прашања и проблеми на кои наидуваме при решавање на задачите. 

За 5 години сакам да бидам: Целта е до крајот на годината да бидам Front-end програмер/developer. А за 5 години, 5 пати подобар front-end програмер. 🙂

Хоби: Моментално програмирањето ми е хоби, а покрај тоа свирам гитара/клавијатура, читам книги и сл.

Омилена книга: Outwitting the Devil – Napoleon Hill

Омилен цитат: “Our only limitations are those we set up in our own minds.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!