Елена Клисаровска  е студент од Академијата за Full Stack програмирање која само неколку месеци по стартот на предавањата, успеа да влезе како практикант во фирмата Devsy. 

Елена беше дел од студентите кои што покажаа особен успех на Академиjaта и се најде на листата на Dream Team студенти за месец октомври. 

Нејзината мотивација, како што таа ни раскажа, се темели на процесот на учење и совладување на концептите, особено оние потешките. Како што сама би се опишала таа е: упорна, посветена и најјака страна ѝ е time management!

 

Поразговаравме со Елена за искуството од Академијата за Full Stack програмирање и како таа си поминува на пракса во Devsy.

 

Здраво Елена, раскажи ни нешто за себе!

Секогаш е најтешко кога некој треба да каже нешто за себе. Ќе кажам дека сум ентузијаст програмер in the making и оваа 2020 година целосно се посветив и напорно работев за остварување на оваа моја цел, што не беше секогаш лесно со full-time job, но со добра организација и менаџирање на време стигнав скоро до крајот на Академијата. 

Инаку, докторант сум на економски факултет и имам долгогодишно работно и истражувачко искуство во областа на маркетингот. Често имам најразлични идеи за веб апликации, кои секако треба некој и да ги направи, па одлучив да научам сама да ги правам и го одбрав Brainster заради позитивните искуства за кои слушав, и еве сум тука.

 

 Моментално си студент на Академијата за Full Stack, како си поминуваш на предавањата?

Можам да кажам дека Академијата ги надмина моите очекувања во однос на програмата и се она што може да се научи за ова релативно кратко време. Првично кога започнав мислев дека ќе добијам некоја основа која ќе можам понатаму да ја надградувам и усовршувам. Пријатно се изненадив од начинот на предавање и пристапот на инструкторите.

Инаку си поминувам одлично и уште сега знам дека ќе ми недостасува кога ќе заврши, но од она што можев да видам до сега е дека Brainster останува life-long friend на сите студенти и со завршување на Академијата соработката не престанува, туку се проширува и на професионално поле.

 

Уште пред да ја завршиш Академијата успеа да започнеш пракса во Devsy? Кои се твоите задачи? Какво е твоето искуство?

Devsy е реномирана ИТ компанија на нашиот пазар и ми преставува чест што обуката која ја имам од Brainster ја надополнувам таму. Неодамна започнав и се запознавам со начинот на работа, процесите и фазите на развивање на еден производ. 

Имам двајца одлични ментори и во секојдневна комуникација со нив најпрво разгледувавме кои концепти, технологии кои се користат, а од оваа недела добив и некои таскови и работејќи на нив можам да видам како знаењето кое го имам од областа на програмирањето се вклопува во она што би значело „вистинска“ работа.

Тоа што Brainster е вмрежен со бизнис заедницата е голем и важен фактор за  студентите да добијат пракса и да искусат како е да се работи во една  ИТ компанија откако ќе ја завршат Академијата.

 

Што мислиш за работата на реални проекти, дали играа голема улога во надградување на твоите вештини?

Работата на реални проекти имаа клучна улога, не само во надградување на моите вештини, туку и во добивање на практично искуство. Секој еден изработен проект за време на часовите или вежбите е дел од твоето портфолио и по завршувањето си подготвен не само со знаење туку и со практични вештини, што не е секогаш случај со традиционалните модели на образование. 

Можам како пример да наведам дека уште по само една или две недели  можевме самостојно да изработиме еден landing page,  што е доста импресивно за некој кој нема никакво искуство во оваа област. 

 

Кој е твојот совет до оние кои што размислуваат да ја сменат својата кариера и да започнат со програмирање?

Јас живеам следејќи го концептот на life-long learning и тоа ми овозможило да бидам на многу различни и интересни места. За мене програмирањето е нешто што од секогаш сум сакала да го правам и ми било предизвик да го научам. Јас воопшто не размислував за промена на кариера кога се запишав на Академијата, се запишав со желба да научам нешто ново и да видам каде тоа ќе ме однесе.

Во реалноста, повеќето од нас имаат интереси надвор од своето работно место и формално образование и сите ние ја имаме таа вродена љубопитност за учење. Мојот совет би бил до сите кои ги интересира програмирањето, без разлика дали размислуваат за промена на кариера или не, да пробаат и ќе се изненадат каде може тоа да ги однесе.

 

Доколку размислуваш за кариера во областа на Full Stack програмирање и си подготвен да учиш по програма која што е одлично прилагодена за почетници, спроведена од искусни инструктори, закажи информативна средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали.