Работата на реални проекти е една од клучните активности за сите Академии на Brainster и цели кон давање на приоритет кон процесот на учење преку решавање на реални проблеми. Оваа активност е од взаемен бенефит, како за искуството на нашите студенти, така и за компаниите кои имаат потреба од иновативни решенија за нивните проекти.
Во текот на месец мај, нашите студенти реализираа 5 успешни реални проекти кои беа производ на меѓусебна соработка помеѓу Академиите и ангажираноста на студентите кон изнаоѓање на креативни и иновативни решенија за ре-креирање на постоечки и за креирање на целосно нови продукти. Овој процес на работа на реални проекти на студентите им дава шанса да се стават во чевлите на професионалци и да искусат како изгледа соработката со клиенти.
Во продолжение можете да ги погледнете 5-те иновативни решенија изработени од нашите студенти


1.Бучен Козјак
Тимовите на студенти од Академијата за графички дизајн во месец мај како партнер за ко-иновации ја имаа млекарницата Бучен Козјак. По неколку недели напорна работа и во константна комуникација со клиентот, успеаја да изнајдат идејни решенија за дизајн на пакување на производите на Бучен Козјак и ребрендинг на логото.
Студентите со овој проект го најдоа перфектниот спој помеѓу традиционалното и модерното, а наскоро, ќе имате шанса да ги видите нивните решенија на рафтовите во супермаркетите и локалните продавници.
2.Стоматолошки Факултет
Изминатиот месец имавме и Cross-Academy соработка помеѓу Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг каде студентите работеа на проект за Стоматолошкиот Факултет. Решенијата беа толку добри, што сите беа пофалени како најдобри!
Проектот на којшто работеа студентите беше креирање на боенка која е наменета за деца од предучилишна и училишна возраст со цел запознавање со важноста на оралното здравје кај помладата популација. Освен боенката, студентите креираа и постер дизајни кои ќе се користат на социјалните медиуми и низ самите училишта. Дополнително, студентите од Академијата за дигитален маркетинг подготвија и маркетинг стратегија која овие решенија ќе ги доближи до својата таргет публика.
3.Добар Бар
Студентите од Академијата за графички дизајн ја имаа задачата да креираат прототип на модерен дизајн на пакување за еден од најновите и најпопуларните производи на кафулињата во моментов – а тоа е домашното ладно цедено кафе на Добар Бар.
Овој проект им овозможи на студентите шанса да ја разбудат креативноста и да размислат за иновативни решенија за продукт кој е доста поразличен од типичните продукти на нашиот пазар. Избраното решение наскоро ќе можете да го видите и пробате во Добар Бар.
4.Види Вака
Еден од проектите за кои сме доста возбудени е проектот на којшто се работеше како Cross-Academy соработка помеѓу две Академии на Brainster. Нашите студенти како партнер за ко-иновации ги имаа и Види Вака, но, сѐ уште не ви откриваме ништо, следете го блогот на Brainster и Види Вака профилите на инстаграм и фејсбук за да дознаете на што се работеше во месец мај.
5.Радио Шум
Радио Шум е проект на кој сме особено горди и е производ на Cross-Academy соработката помеѓу четири Академии: за програмирање, UX/UI дизајн, дигитален маркетинг и графички дизајн. Овој проект е интерен проект на Brainster, произлезен од иницијатива за креирање на иновативен продукт кој преку различни канали на звук ќе им помогне на корисниците да се справат со потешкотиите на работата од дома.
Како начин на ре-креирање на домашниот простор во работен или пак релаксирачки, нашите студенти изработија мини радио плеер каде корисникот може да си комбинира различни звуци кои ќе го потсетуваат на работење во канцеларија, кафуле или во природа.
Решението е комплетно креирано од нашите студенти и можете да го проверите тука.
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа .
Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!