“Buffer” за попаметен начин на споделување – “Маркетинг алатка #4”

Маркетинг алатка на денот е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските стартапи и маркетинг ентузијасти со интересните алатки од областа на маркетингот кои секојдневно се користат ширум светот.

Aлатка #4 Buffer.

Што претставува Buffer?

Buffer претставува веб базирана алатка која што е примарно дизајнирана за споделување на постови низ различни социјални мрежи. Исто така, има и екстензија за интернет прелистувачите (browsers) кои што можат да бидат интегрирани со RSS читачи, Твитер, Chrome, SocialBro, WordPress и други алатки за откривање на содржина.

Зошто го сакаме Buffer?

Buffer го автоматизира тајмингот на Вашите постови низ социјалните мрежи. Со софистициран интерфејс и опции за вклучување на различни социјални мрежи, меѓу кои и Facebook, LinkedIn и Twitter, оваа алатка дефинитивно ќе Ви го олесни функционирањето низ социјалните мрежи.

Buffer

За да го користите Buffer, ќе треба да се регистирате користејки Facebook, Twitter или LinkedIn профил, или можете да креирате дедициран Buffer профил доколку така одлучите. Откако ќе се регистрирате, можете да ги додадете профилите од социјалните мрежи кои не сте ги користеле за време на процесот на регистрација како и сите Facebook страни и LinkedIn Групи кои ги менаџирате.

Buffer Ви овозможува да креирате твитови или статуси кои потоа ќе бидат споделени низ социјалните мрежи наеднаш, а истовремено ви помага во процесот на одлучување за нивно постирање – веднаш или користејки ја “Add to Buffer” опцијата при што оставате Buffer да се погрижи за останатото. Можете да креирате повеќе постови за подолг период (па дури и повеќе од една недела ), да ги додадете на Buffer листата и вашата работа е завршена!

Убавината на втората опција е во тоа што Buffer користи алгоритми врз база на кои одлучува кога е најдоброто време за постирање на нештата, но доколку не сте задоволни од предлозите, можете да ги промените сетирањата во периоди кога вие сакате.

buffer 1

За само 10$ месечно имате можност да креирате неограничен број постови, поддршка за максимум 12 социјални профили, како и можност да имате повеќе од еден корисник кој ќе ги менаџира профилите низ социјалните мрежи.

Одличен content management организатор кој вреди да се проба!

Имате и бесплатна верзија. Проверете.

Среќно

brainster.co заедницата

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

Related Stories For You