„Маркетиг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Се сеќавам на почетоците на Brainster. Еуфоријата, возбудата… се гледаше искра во нашите очи. Немојте погрешно да ме сфатите – таа искра сеуште е присутна (дури и поголема! ). На еден од неколкуте први состаноци разговаравме за тоа што и како ќе правиме, кој ни се таргет корисници и сл, за да на крај дојде можеби за повеќето од нас, најинтересната тема – брендинг материјали за тимот. Во тој момент имате милион идеи, секоја од нив, уникатна и интересна.
Дефинитивно една од работите по која повеќето стартап компании сакаат да се разликуваат и да бидат уникатни. Во тие моменти ви надоаѓаат најразлични идеи за тоа како можете да го искорисите вашето лого за брендинг потребите на тимот. На Tumblr дури постои и целосна секција за ова!
Дали вашиот тим за продажба е спремен за 2016?
Ќе направите некој интересен дизајн, и што понатаму? Каде ќе ги испринтате овие брендирани маички? Што доколку другите од вашиот тим сакаат и други аксесоари од типот на капчиња, чанти, чаши, беџови или практично на се што поседувате?
Можете да нарачате на сите оние нешта (и повеќе) за Taggler (сегашно UltraPress ). Вие само ќе треба да изберете артикли на кои сакате штампа , испратете го вашето лого, и потоа добијте повратни информации за цената на чинење од широката мрежа на печатници на UltraPress. Дополнително, ќе добиете информации за се што треба да знаете за да можете да донесете информирана одлука.
За крај, вас ви преостанува да седнете, да се релаксирате и да чекате вашите маици / чанти / капи или што и да е, да пристигнат! 🙂
Сакате да добивате известувања за бесплатни курсеви? Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата