Во рамките на Академијата за Front-End програмирање, со цел студентите да добијат прилика плус за да го воведат во пракса она што го научиле, беше организиран натпревар. Им зададовме предизвик да изработат проект најдобро што знаат и умеат согласно зададената спецификација за веб страница Brainster Space.

Преку овој вид на учење, студентите добиваат шанса да имаат увид до каде се со нивното знаење, колку време им е потребно за совладување на предизвиците, но и да си ги надградат дополнително своите вештини доколку конкретен проект го бара тоа од нив или пак се само-иницијативно проактивни.

По сите добиени проекти од студентите и по процес на проверка и евалуација на изработеното во потесен круг на топ 3 проекти влегоа проектите на Марјан Црничин, Александар Митев и Иван Иванов.

Сепак,
најкомплетно решение од финалистите понуди Марјан поради следните работи:
– одлична организација на React компоненти
– следење на naming conventions
– реискористливост на код
– внимавање на детали (користење на favicon, title)
– сите линкови работат и водат до точни локации
– употреба на Image carousel за лесен преглед на сите слики
– одлично корисничко искуство со суптилни анимации 
– точен carousel во делот Space Blog (carousel-от врти само стории од избраната категорија)

Поразговаравме со Марјан за натпреварот и неговиот победнички проект, прочитајте што тој ни раскажа!

Беше еден од студентите од Академијата за Front-end програмирање кои што се натпреваруваа на интерниот натпревар за најдобар проект Brainster Space при што понуди најдобро решение. Раскажи ни го накратко твоето искуство. По добивање на спецификацијата за истиот – дали ти се чинеше како голем предизвик?

Да, знаев дека ќе биде многу добар предизвик уште кога ја отворив спецификацијата и видов дека е поприлично голема бидејќи проектот е составен од повеќе различни, страни секоја со свои функционалности, карактеристики и респонзивност за мобилен/таблет/декстоп. Исто така знаев дека проектов е одлична можност за подобрување на моето знаење и вештини, дизајнот многу ми се допаѓаше и сè тоа придонесе да бидам супер мотивиран и да вложам максимум труд во изработката на оваа веб апликација.

Раскажи ни малку повеќе детали за проектот. Со кои технологии е изработен? Дали беше потребно да научиш нешто ново, нешто повеќе од она што го научи во рамки на програмата на Академијата?

За изработка на проектот kористев HTML, CSS (Custom CSS заедно со Bootstrap) и Јavascript односно React.js framework. За навигација користев React router dom. Календарот го направив со moment.js & react big calendar, а анимациите со React Transition Group во комбинација со gsap.

Генерално сите овие работи ги имаме учено на академијата, но беше потребно да се одберат правите алатки и да се искомбинираат на соодветен начин, за сè тоа да работи како што треба и да изгледа добро. Мислам дека многу работи научив со работењето на овој проект.

Колку време ти беше потребно да го изработиш проектот? Кажи ни нешто повеќе за целиот процес.

Ми беа потребни околу 20-25 дена, просечно по 3 до 4 часа на ден. Најпрво само го разгледував дизајнот, размислував како би можел да направам што е можно повеќе мали реискористливи компоненти, каде да ги зачувам податоците, нивната структура и општо како би одел текот на целиот процес односно што прво да изработам, а што да оставам за на крај. После тоа почнав да куцам и еден по еден да ги средувам проблемите кои што требаше да се средат и оние кои што се појавија во текот на работата. На крајот кога завршив со рефакторирање на кодот и исполнување на барањата од спецификацијата, одлучив да ги додадам анимациите и транзициите кои што се случуваат при навигирање односно промена на страна.

 Дали во процесот на изработка на проектот наиде на некоја пречка или поголем предизвик? Како генерално се справуваш со предизвиците при изработка на проекти?

Нормално дека наидов на неколку пречки, би издвоил дека најголем предизвик ми беше да ја направам страната за настани т.е календарот, но со доволно пребарување на интернет и читање документација од npm пакети успеав да го направам како што треба. Со предизвици се справувам така што прво пробувам во целост да го разберам предизвикот, и ги разгледувам можните пристапи за негово решавање. Секако пребарувам на интернет за да видам и други опции и солуции, а во некои случаи доколку е изводливо практикувам да го поделам предизвикот на помали делови кои што би ги решавал еден по еден.  

Кој совет би им го дал на сите кои што сакаат да се насочат во полето web design и размислуваат да се запишат на оваа академија?

Би им препорачал да се запишат на академијата бидејќи ќе учат по програма која што е одлично прилагодена и секој што ќе се потруди да научи – ќе научи. Инструкторите и асистентите се луѓе со огромно знаење во областа и се целосно посветени истото да го пренесат на студентите. Секогаш се тука за да помогнат, дадат насока, објаснување. Но, исто така секој што размислува да се запише на академија мора да биде сигурен дека вистински сака да го работи ова, да биде спремен да посвети многу време и труд на учење, кодирање и решавање проблеми. 

Доколку размислуваш за кариера во областа на Front-End програмирање и си подготвен да учиш по програма одлично прилагодена за почетници, но и од искусни инструктори, закажи информативна средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!