Ивица Пешовски е инструктор од нашата Академија за програмирање. Го прашавме да ни сподели како му поминува денот во услови на карантин ?
07:00
Се будам. Пред карантинот станував во 6:30, сега можам да си дозволам плус 30 минути. Покасно секако не можам поради Џој (Joy Snow) кој е буден уште пред 6 и на кој во 7 почнува да му станува досадно. Утрински човек сум (што би рекле на Запад), така што и ова го сметам како доцна и нешто на што можам да поработам.
Денот го почнувам со вежбање. Пред карантин одев во теретана секој ден, пред работа. Сега за да одржам кондиција импровизирам во домашни услови.
08:00
Работниот ден ми започнува со шолја зелен чај. Моментално работам (како што, верувам, и вработените во сите останати IT компании) од дома. Работното биро во канцеларија обично ми е натрупано со секакви работи и ретко е чисто ?, па ова домашното изгледа зачудувачки средено. Тоа е затоа што повеќето ситници ми останаа токму во канцеларија.
17:00
За работниот ден никој и така не сака да чита па ќе направам fast-forward. “Вода стои, Brainster не”. Ситуацијава нè изненади, ама не нè најде неподготвени. Наставната програма на академиите на Brainster си продолжи во полн ек. Воведовме online настава и повеќе дополнителни активности за студентите. Ако претходно беше ограничен бројот на студентите поради логистички причини, сега имаме неограничени можности. Со самото тоа што повеќе групи можат да следат часови истовремено, се отвора простор за воведување нов материјал, повеќе вежби, менторски сесии, Q&A состаноци. You name it, we have it, повторно како што би рекле на Запад. Часовите ми се во различни термини, па времето после работа и до започнување на предавањата го користам за да се спремам за истите. И после 5 завршени академии не сакам да си дозволам да појдам на час неподготвен. Тоа обично го правам во пишана форма, каде водам и евиденција што може да се подобри што е доволно добро, а што не чини.
P.S И да, наоѓам време да се подружам со Џоj за да не го поминам цел час вака.
20:00
Вечерта е резервирана за PlayStation и пиво, што не е проблем во овие денови на изолација бидејќи истото сам го произведувам. Да, така е, домашно пиво брендирано како San Mladosti, нешто за што во скоро време ќе можете повеќе да прочитате.
23:00
Нормално за човек кој станува рано е и рано да заспива. Не сум исклучок и јас, па така, барем во работни денови, во 23 часот обично веќе спијам. Заспивам, иако звучи ко клише, со книга. Тоа е навика која ја имам и ја обожавам уште од детските денови и можам само да пратам порака до оние кои не ја практикуваат – еве барем нека и дадат шанса.