Brainster Препорачува – Junior Software Testing Talents

Brainster Препорачува е серијал на блогови преку кој ги претставуваме дел од нашите најуспешни студенти на Академиите, со цел да им помогнеме на компаниите кои се во потрага во таленти! Студентите вклучени во овој серијал на блогови покажаа исклучителна посветеност во совладувањето на вештините предвидени за соодветната Академија и се целосно подготвени да започнат со работа уште утре!

На нашата Software Testing Академија, студентите имаат можност преку практична работа да се запознаат со мануелното, како и со автоматското тестирање и при крајот на Академијата преку кариерниот модул да ја комплетираат сликата на еден успешен Software Tester подготвен за нови предизвици. Во текстот подолу ви претставуваме дел од нашите Software Testing ентузијасти кои се отворени за соработка со IT компании кои моментално се во потрага по Junior Software Tester:

1. Рената Апостоловаличност која одлично се снаоѓа во тим, додека во работењето е упорна и посветена! 

Рената имаше интерес за IT светот уште пред започнување со нашата Академија. Сега, кога веќе завршува и со последните модули, со нетрпение чека да започне со професионално ,,ловење багови’’. Top skills на Рената се: SQL, Defect Reporting и Writing Test Cases & Scenarios. Повеќе за Рената на нејзиниот

2. Марко  Нестороскиупорен problem-solver, како личност e љубопитен и многу организиран.

За време на Software Testing Академијата најдобро му одеше Defect Reporting, SQL, SDLC, SCRUM и Selenium Web Driver. На идниот работодавец Марко би сакал да му каже дека е одличен problem-solver и е неверојатно упорен во пронаоѓање software bugs. Повеќе за Марко на  неговиот .

3. Ѓоко Меноски – ,,тивок генијалец’’ со капацитет за брзо совладување на нови и комплексни концепти! 

На Академијата најдобро се покажа во делот на Writing Test Cases and Execution, Testing Techniques и Selenium Web Driver. Ѓоко за себе би сакал да сподели дека е максимално посветен на работењето! Повеќе за него може да дознаете преку неговиот

4. Владимир Стефаноски – комуникативна и ведра личност која поседува високо ниво на само-мотивација. 

Од сите модули на Software Testing Академијата најмногу се пронајде во Writing Test Cases and Scenarios,  но одлично совлада и SQL, SCRUM и Defect Reporting.  Покрај вештините потребни за Software Tester, Владимир на Академијата ги усоврши и своите комуникациски и презентациски вештини. Повеќе за Владимир на неговиот

Доколку сте IT компанија која е во потрага по Junior Softwer Tester кој ги владее гореспоменатите вештини, стапете во контакт со нас на [email protected], презентирајте ни ги вашите барања и ние  со задоволство ќе ви испратиме портфолио и дополнителни информации за кандидатот кој ви е потребен! 

 

Related Stories For You