Brainster препорачува е серијал на блогови преку кој ги претставуваме дел од нашите најуспешни студенти на Академиите, со цел да ги доближиме што повеќе до нивните посакувани работни места! Студентите вклучени во овој серијал на блогови покажаа исклучителна посветеност во совладувањето на вештините предвидени за соодветната Академија и се целосно подготвени да започнат со работа уште утре!
На нашата Академија за Дигитален маркетинг, студентите имаат можност преку практична работа да се запознаат со сите алатки и при крајот на Академијата да ја комплетираат сликата на еден успешен Дигитален маркетер подготвен за нови предизвици. Во текстот подолу ви претставуваме дел од нашите Дигитални Маркетери, ентузијасти кои се отворени за соработка со компании кои моментално се во потрага по Junior Digital Marketer:
Елена Биноска – Junior Digital Marketer, result oriented и спремна за секој предизвик!
Елена работеше на целосна дигитална маркетинг стратегија за нашиот learning partner LookSize. И се стекна со вештините кои што и се потребни да заплива во водите на дигиталниот маркетинг. Нејзината страст и пасија за Social Media Marketing, како и за Google Ads & SEO прават нејзината работа да биде лесна и интересна. Спремна да се соочи со секој предизвик и секогаш прифаќа фидбек. Повеќе за Елена Биноска на нејзиниот
Александар Ѓурчевски – problem solver кој одлично се снаоѓа во тим и ги следи сите трендови!
Александар по завршувањето на Академијата се стекна со потребната самодоверба за да започне да работи како дигитален маркетер. Неговите најдобри вештини кои што би сакал да ги искористи се: Social Media Ads, Google Analytics & Lead Generation. За себе ни сподели дека сака да постигнува нови успеси. Повеќе за Александар Ѓурчевски на нејговиот .
Ивона Каљкова – позитивна личност и тимски играч на кој најсилна страна и е одговорноста!
Одличен тимски играч која што е спремна да се фокусира и да превзема големи одговорности. Сака постојано да учи и да ги надградува своите вештини, како и да биде во тек со последните трендови во маркетинг светот. На Ивона најјаки страни и се креирање на Content, Social Media Маркетинг & Design. Повеќе за Ивона Каљкова на нејзиниот
Бисера Кајмакански – иновативна личност која е критички настроена и секогаш со can-do став!
Креирање на комплетна маркетинг стратегија, аналитиките и маркетингот на социјалните медиуми се дел од вештините кои што ги поседува Бисера. Таа е самоуверена и со нетрпение очекува да започне кариера во дигитален маркетинг. Спремна е да ја покаже нејзината кретивност. Повеќе за Бисера Кајмакански на нејзиниот
Доколку сте компанија која е во потрага по Junior Digital Marketer кој ги владее гореспоменатите вештини, стапете во контакт со нас на [email protected], презентирајте ни ги вашите барања и ние со задоволство ќе ви испратиме портфолио и дополнителни информации за кандидатот кој ви е потребен!