Brainster прави мал чекор напред и лансира online платформа на која ќе понуди дел од курсевите да се следат online во живо.
www.online.brainster.co

Од самите почетоци во 2015 година па до денес,  го градевме брендот, експретизата и своето портфолио offline, во своите кампуси. Повеќе од 9000 луѓе до сега беа дел од нашите програми.

Мисијата на Brainster и понатаму е да создава иновативно образовно искуство и да им помогне на повеќе луѓе секоја година да стигнат до кариера која секогаш ја посакувале. Затоа, решивме дел од курсевите да ги префрлиме во нашата виртуелна училница.

Во виртуелната училница ќе има можност за интеракција, поставување на прашања и испраќање на материјали.

Што значи “виртуелна училница“ и како ќе се спроведат онлајн курсевите?

Секој учесник на онлајн курсот ќе добие линк за влез во виртуелната училница каде ќе има јасна визуелна прегледност врз материјата што се предава, како и видео и аудио линк со инструкторот и другите учесници што овозможуваат интеракција во реално време.

Кога материјата ќе побарува hands-on пристап (на пример за пишување код или користење на алатка), учесникот ќе може да работи паралелно со инструкторот во split-screen формат. Исто така, инструкторот во текот на предавањето ќе може да врши директни интервенции во екранот на учесникот преку опцијата за screen sharing. Toa подразбира annotation – потцртување или укажување на грешки/ штиклирање на точни задачи/одговори или пак remote control што му овозможува на инструкторот да преземе целосна контрола врз екранот на учесникот за да му помогне.

Притоа, секој учесник може да поставува прашања во текот на предавањето и да отвора дискусии, исто како во реална училница.

Пред секој онлајн курс, учесниците ќе добијат меил со инструкции како да ја користат алатката што ќе им биде потребна за да го следат курсот.

Brainster Online Kurs - Data Science

Во иднина планираме да ја зголемиме понудата на online кратки курсеви. Со ова им овозможуваме во Brainster да учат и луѓето надвор од Скопје, без да има потреба да патуваат.

Вториот тип на online содржини се бесплатните активности во форма на вебинари. Се работи за неколку часовни воведни предавања на различни теми кои претставуваат запознавање со проблематиката и предизвиците во дадени области. Секој ден посетителите на онлајн платформата имаат можност да научат нешто повеќе и да стигнат чекор поблиску до кариера која ја посакуваат.