Една од најдобрите работи во Brainster e што имаш можност да се запознаеш со луѓе од различни профили, професии и интереси, кои сакаат да научат нешто ново и да го надоградат знаењето. Дознаваш за нивните планови во иднина и разменуваш идеи и впечатоци, кои можеби ќе прераснат во професионални предизвици и проекти.

Ги запознавме  Ивона, Стефан и сестрите Милијана и Паола кои го посетија курсот за Excel во Brainster.  Велат – супер си поминавме, научивме многу и едвај чекаме наученото да го примениме во секојдневното работење.

Oва се накратко нивните впечатоци од курсот ?️

Ивона Блажева по професија е внатрешен ревизор. Во слободно време сака да прочита добра книга, да го посети најблискиот фитнес центар и да отпатува на некоја подалечна дестинација. За впечатоците од курсот вели: „Знаењето што го стекнав одлично ќе се вклопи во мојата работа. Како ревизор, секојдневно се соочувам со табеларни прегледи, анализи и извештаи, а дополнителните знаења како што се Pivot табелите и напредните функции и формули во Excel ќе ми ја олеснат работата и ќе ми го направат секој нов работен ден полесен и попродуктивен“.

Стефан Дојчиноски кој пак е магистер по правни науки, вели дека совладувањето на Excel му претставувало лична сатисфакција. „Да знаеш да работиш со податоци во Excel e неопходно, во време на интензивни промени и развивање на концепт за рационално организирање на информациите, а со цел сеопфатно да ги анализираме и да донесеме одржливи заклучоци.“ – вели тој. „Интеракцијата, опуштената атмосфера, одличната агенда на курсот и практичните примери  кои ни ги покажа инструкторот Александар ќе ми помогнат во секојдневното снаоѓање со оваа алатка“.

Милијана и Паола Лесиќ како впечаток го издвоија искуството низ текот на целиот курс. „Како најубав впечаток  ни остана професионалноста на луѓето во Brainster, проследена со многу пријателски однос. Во текот на предавањата владееше пријатна атмосфера, се стекнавме со применливо знаење а часовите беа добро организирани и распоредени. Инструкторот беше достапен во секое време за било каков проблем во однос на материјата што ни ја предаваше. Сигурни сме дека она што го научивме ќе го искористиме при градењето на нашите кариери“.

Триковите и алатките во Excel можат да бидат забавни и да се совладаат на интерактивен, едноставен и практичен начин. Со негова помош, ќе можеш полесно да ги идентификуваш и визуелизираш податоците, како и да понудиш соодветни решенија во секојдневното работење.

Следниот курс за Excel започнува во мај и групата веќе се пополнува, резервирај си го своето место ?овде. 

Related Stories For You