Благојче Кузевски, креативен директор и инструктор на UX/UI дизајн Академијата

Благојче Кузевски е креативен директор и UX дизајнер од Битола кој што е дел од тимот инструктори на Академијата за UX/UI дизајн. Моментално работи како креативен директор во брендинг агенцијата TheClue. Тој е секогаш љубопитен и отворен за постојан професионален развој – нешто што е од голема важност во сите кариерни фази за секој што се стреми кон кариера во UX дизајн (каде што се бараат вештини за стратегиско размислување, креативно изразување и техничка подготвеност или она што Благојче го нарекува – кариерна трифекта). 

Му поставивме неколку прашања на тема UX/UI дизајн.

 

Здраво Благојче. Според тебе, кои човечки карактеристики се предност кога се работи за UX/UI дизајн?

За да бидеме успешни UX/UI дизајнери пред сè треба да имаме емпатија, бидејќи без емпатија дизајнот е понесен од нашето его и субјективност. Понатаму, способноста за креативно решавање на проблеми не е само предност, туку е суштината на оваа професија. Како дизајнери, ние секојдневно решаваме проблеми како да ги балансираме потребите на корисниците и бизнис целите. Исто така треба да бидеме љубопитни, да прашуваме, да откриваме и да забележуваме детали.

 

Работиш како UX/UI дизајнер многу години. Како влезе во овој свет? 

Во светот на UX/UI влегов спонтано, веројатно исто како и повеќето дизајнери кои работат и графички дизајн. Работев графички дизајн, но добивав и барања да дизајнирам веб сајтови. Јас ги прифајќав сите тие предизвици бидеjќи сакам кога сум надвор од комфорт зона. Потоа почнав повеќе да истражувам и да учам за UX/UI дизајн и подоцна се вклучив во неколку проекти како UX/UI дизaјнер.

 

Колку е тешко или лесно да се најде работа во оваа професија кај нас или во странство? 

Ако пребаруваме огласи на било која популарна платформа за работа можеме да видиме колку отворени позиции има за UX/UI дизајнери кои се објавени само во последните денови. Тоа ќе ни даде слика колку ова е големо и со сигурност дека ќе трае. Кај нас допрва ќе биде побарувано. Сепак најбројни се огласите за UX/UI позиции во однос на другите дизајн дисциплини. 

 

Како мислиш дека ќе се движи UX/UI дизајнот во наредната декада?

UX трендовите веќе се движат брзо, па извесно е дека во наредната декада оваа дисциплина ќе расте и ќе еволуира. Со технолошкиот напредок очекувам да произлезат и многу други корисичко-ориентирани професии и дисциплини со цел да се олесни интеракцијата помеѓу луѓето и новите технолошки продукти.

 

Кој сајт или апликација според тебе има добар UX/UI дизајн.

Habitica. Сите знаеме колку неиспиративни се класичните to-do листи. Во корисничкото искуство на Habitica има интегрирано елементи на гејмификација и буквално нашите to-do листи и цели се претвараат во игра. Колку и тоа несериозно да звучи сепак корисниците се забавуваат додека ги извршуваат задачите и остануваат продуктивни. Корисничкиот интерфејс особено ќе им се допадне на гејмерите. 

 

Што би им препорачал на сите кои сакаат да започнат со учење на нашата Академија?

На сите би им препорачал да бидат љубопитни и да истражуваат за различни области но и да најдат нешто за што сакаат да се специјализираат и да навлезат подлабоко во таа проблематика. Среќна околност за идните студенти на академијата е што програмата е дизајнирана да им го обезбеди баш тоа, широки но и длабоки познавања и вештини потребни за било која корсисничко-ориентирана дизајн професија.

 

Каде може да го очекуваме твојот придонес на Академијата? Кои се твои силни страни кога се работи за UX/UI дизајн?

Веројатно најголем придонес можам да дадам во модулите посветени на визуелниот дизајн и алатките но исто така верувам дека можам да придонесам и во модулите посветени на стратегискиот пристап, дизајн размислување и storytelling. 

 

Тимот на инструктори се зголемува постојано. Местата на Академијата за UX/UI дизајн се скоро пополнети. Резервирај го твоето тука.

 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА