Како што Airbnb го промени начинот на кој ги планираме патувањата, така Brainster го менува начинот на кој учиме. Ние веруваме дека секој од нас поседува практични вештини за да предава и постојана потреба да стекнува нови знаења. Brainster.co веб сервисот ќе им овозможи на сите со практично знаење да им понудат курсеви на останатите луѓе од заедницата.
Нашата визија е да го претвориме градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент.
Ако и вие ја делите нашата визија, сакате да бидете активни членови на Brainster заедницата, сега е вистинско време да се пријавите и станете Brainster Амбасадор.
Кој може да биде Brainster Амбасадор?
- На возраст си од 18 до 28 години и имаш голем број пријатели;
- Ти и твоите пријатели сакате да бидете дел од Brainster заедницата која ќе направи револуција во едукацијата;
- Сакаш да истражуваш;
- Познаваш луѓе професионалци од некоја област кои би можеле да бидат инструктори;
- Познаваш луѓе кои сакаат да научат некоја нова вештина или да се усовршат во својата струка;
- Активно користиш социјални мрежи
Што значи да се биде Brainster Амбасадор?
- Активно да го шириш гласот за Brainster;
- Да истражуваш и предложуваш идеи за курсеви, инструктори, локации;
- Да поседуваш добри комуникациски вештини и да реагираш брзо на е-маил комуникација;
- Да пишуваш кратки блог постови на теми поврзани со технологија, едукација, стартапи итн.
- Да си професионален но и забавен;
- Да можеш да работиш од дома, кога сакаш и колку сакаш
Што ќе добиете како Brainster Амбасадори?
- Бидете меѓу првите 5 Brainster Амбасадори (заштитни лица) за Македонија;
- Можност за еднодневна обука на тема истражување и нови медиуми, со цел подобра презентација на Brainster;
- Можност за еднодневна обука на тема блогирање и придобивки од истото;
- Секој амбасадор ќе добие Brainster ‘goodies bag’;
- Ќе бидете во можност да посетувате дел од курсевите на Brainster бесплатно;
- Секој амбасадор ќе добие сертификат и препорака, но и можност за продолжување на соработката по Март 2016.
Формалното образование никогаш нема да може да биде во чекор со потребите на пазарот на труд, денес. Ние ќе го промениме начинот на кои луѓето учат нови вештини засекогаш. Почнувајќи од октомври Brainster.co платформата ќе биде достапна само во Скопје, но планот е до крајот на 2016 да се прошири во други градови како Атина, Софија и Берлин.
За да бидете селектирани како официјален Brainster Амбасадор аплицирајте тука најдоцна до петок, 13 Ноември, 2015.
Ги очекуваме Вашите апликации за да заедно направиме револуција во едукацијата!