„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.
AutoHeal (screen protector) e најмодерниот чувар на вашиот мобилен екран, дизајниран за автоматски да го поправи доколку е оштетен. Достапен за iPhone 6 и iPhone 6s, овој производ на Just Mobile користи технологија со која ги брише гребнатините од вашиот телефон за помалку од минута. Користи шест микроскопски слоеви на smart материјали меѓу кои силикон и полиестер. Покрај тоа што го регенерира екранот на вашиот телефон, тој ќе превенира и идни оштетувања. Исто така, AutoHeal е сло,ј кој нанесен на вашиот екран, го прави отпорен на отпечатоци од прсти и прашина, со што ви нуди совршена прегледност и постојано нов изглед на вашиот телефон.Производот е достапен на пазарот по цена од 19 долари.
Заедно со него, Just Mobile лансираа уште еден производ изграден од истите регенерирачки smart материјали, транспарентен по својот дизајн, едноставен за аплицирање, и наменет да го заштити остатокот од вашиот уред на истиот начин како и AutoHeal screen protector. Тоа е TENC, специјално дизајнираната маска, исто така достапна за iPhone 6 и iPhone 6s, по цена од 25 долари.
Користејќи future-generation паметни материјали, Јust Mobile го решава проблемот на голем број корисници на телефони и иако засега е достапен само за ограничен тип на уреди, концептот на оваа компанија нуди поголема економичност кога е во прашање одржувањето на вашиот мобилен уред.
Како нов, нели?
Среќно,
Brainster заедницата