Александар е дипломиран графичар со графички дизајн на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Дизајнер кој веке скоро 7 години се занимава и работи во областа на дизајнот. Моментално сениор дизајнер во маркетинг агенцијата SignUp и ментор за лого и брeнд идентитeт на Академијата за дизајн во Brainster.
Кога за прв пат почна да се занимаваш со дизајн, од каде произлезе љубовта за оваа професија?
Со дизајнот почнав да се занимавам при крај на моето средно образование, а љубовта произлезе од тоа што бев премногу фасциниран од тоа како се прават фотоманипулации на Photoshop и сето тоа ми беше премногу интересно и примамливо со тоа што почнав најпрво да се занимавам со фотоманипулации. Но подоцна се појави лого дизајн и бренд идентити како област која најмногу почна да ме интересира покрај другите работи што ги работам како дизајнер.
Опиши ни еден твој работен ден. Што ти се допаѓа најмногу, а што најмалку?
Мојот работен ден почнува во 9:00 во SignUp со тоа што покрај првото кафе почнувам со разгледување на проектите кои ги работам да видам што, како и до каде сум со работата и проверување на мојот маил. Одкако ке завршам со проверката почнувам со работа на проектите кои ми се во тек. Генерално се ми се допаѓа во работата како дизајнер затоа што дизајнот ми дава одреден вид на слобода и визуелен пристап и комуникација со различен тип на клиенти од различни области. Така да сметам дека ако се работи тоа што се сака и тоа придонесува за развој на кариерата тогаш тука нема простор за нешто што не би ми се допаѓало..
Кој е најинтересниот проект на кој имаш работено? Во какви типови на проекти уживаш да работиш најмногу?
Во SignUp работам генерално на доста проекти како што се веб дизајн, брендинг, дизајн за евенти, дизајн на апликации и др. А како фриленс проекти повеќето од проектите ми се за бренд идентити и лого дизајн но се случува да работам и на друг тип на дизајни така да не сум ограничен во тој поглед. Но највеке сакам да работам на брендинг но никогаш не ја исклучувам можноста за дизајнирање и на нешто друго. Тука може да сe погледне моето портфолио
Behance: https://www.behance.net/aleksandarnofitoski
На Академијата за дизајн предаваш брендинг, кажи ни што е најважно во едно брендирање.
Според мене пред да се почне со било каков дизајн мора да направиме добар research за проектот и клиентот за кој работиме. Да собереме колку што е можно повеќе материјал и инспирација за да може потоа сето тоа што сме го пребарувале да се примени врз процесот на нашата работа. Брендингот бара доста посветеност на повеќе работи како што се типографијата која ја користиме, какво лого ке издизајнираме, какви бои користиме за дизајнот и др. Така да треба да посветиме доста време кога дизајнираме на пример бренд идентити и лого за некој клиент за да успееме тоа да го направиме во склоп со дадениот бриф. Исто така треба да внимаваме презентацијата и визуелниот изглед да не одскокнува од областа во која припаѓа брендот.
И за крај што ќе им порачаш на сите оние кои сакаат да станат дизајнери?
Да не се откажуваат во тоа што го работат, да бидат упорни, да си изградат свој стил и начин на работа и секогаш да ги пратат работите и да гледаат како тоа го прават големите дизајнери и агенции. Да собираат колку што можат информации и да работат константно без разлика дали се работи за реален проект или е некоја наша работа што сами сме ја измислиле и сме направиле дизајн за истата.
Уписите за Академијата се во тек, резервирај си го твоето место тука!