Александар Тенев – учесник на неделата од Академијата за програмирање

Александар е еден од најактивните учесници на Академијата за програмирање, кој успешно ги завршува сите задачи. Овојпат е учесник на неделата со најдобро решение на зададениот предизвик. Решивме да го прашаме како се снаоѓа низ процесот на учење и што е она што му претставува најголем предизвик.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја програмата тука.

Кажи ни нешто повеќе за тебе. Дали имаше претоходно искуство со програмирање?

Здраво, јас сум Александар Тенев, учесник на Академијата за Web Development и иден програмер. Најголем дел од денот го поминувам со лаптоп до мене, а слободното време го користам да избегам од целава технологија, а тоа најчесто е уживање во природа и возење велосипед. Претходно искуство немам, само неколку онлајн курсеви, преку кои сакав да се запознаам со програмирањето и да видам дали ќе се пронајдам некаде.

На какви задачи работеше до сега и што е она што ти претставува најголем предизвик?

До сега најголем дел од курсот беше посветен на Front End делот и задачите најчесто беа изработка на тотално респонзивна страна и токму таа респонзивност беше најголем предизвик, меѓутоа имаше и некои домашни што вклучуваа анимации изработени само во CSS и искрено бев доста среќен кога деловите ќе почнеа да се движат во правецот што јас сакам, а не тие како што сакаат. 🙂 Сега почнуваме со Back End делот и мислам дека сега следи вистинскиот предизвик да овозможиме тие страни или апликации да почнат да комуницираат со корисникот.

Каков е твојот начин на учење и како најчесто ги решаваш проблемите?

Мислам дека единствен начин на учење е преку вежбање и решавање на проблеми, а за мене најефикасен начин на решавање на проблемот е менување на пристапот кон него се додека не дојдеш до посакуваното решение.

Што би им препорачал на сите кои сакаат да почнат да учат да програмираат?

Желбата за постигнување на целта е најважна работа. На прво место треба да биде тоа, потоа едно интервју со Петар да ти покаже дека веќе си програмер со самото тоа што си одлучил да тргнеш во тој правец. Останатото е посветено време и труд на учење и усовршување на своите вештини.

 

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја програмата тука.