Марко е помлад асистент на Институтот за математика при Природно-математички Факулет, а на Академијата за програмирање, програмер на неделата. Сигурни сме дека неговите студенти одлично го познаваат, па решивме и ние малку подобро да го запознаеме.
Апликациите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја програмата тука.
Кажи ни колкава е примената на математиката во програмирањето и како ги поврзуваш овие две работи?
Математиката наоѓа примена во секоја сфера од животот 🙂 Логиката наследена од математиката е голем фактор при станувањето на добар програмер. Всушност, дел од програмските јазици се одлична алатка која се применува во математиката за побрза реализација на покомплексни математички задачи. Сите тие готови функции кои наоѓаат широка примена во математиката биле создадени од луѓе кои имале познавања од овие две тесно поврзани области. Математичарите можат да придонесат доволно во оваа област и да вметнат свои пристапи во истата. Голем број на програмерски компании во Македонија се обраќаат до нашиот факултет, барајќи студенти како нивен иден потенцијален кадар. На крајот, ниту тие знаат што треба да побараат од математичарите и како правилно да ги искористат нивните квалитети, ниту пак математичарите кои се почетници во таа област, не успеваат да се пронајдат во истата. Доколку студентите од математичките смерови, би оделе на пракса во програмерските компании во државава, верувам дека во иднина би биле едни од подобрите во оваа област.
Учењето е еден непрекинат процес. Како овојпат се снаоѓаш во улогата на ученик, наспрема досегашната улога како предавач на факулет?
Хоби за дополнителна заработка или идна професија? Кој е твојот повик поради кој реши да станеш дел од оваа интензивна програма за програмирање?
Се зборува дека секој може да биде програмер. Што мислиш за ова и на што треба да обрне внимание секој кој во иднина сака да создаде кариера во програмирање?
Во последниве години, програмирањето дефинитивно е насока во која многу млади луѓе од државата ја гледаат својата иднина. Запишуваат факултети од оваа област, свесни за можностите кои ги нуди во иднина. Но, многу често сме сведоци дека огромен процент од нив воопшто не успеваат да го завршат факултетот и се откажуваат уште во првите години од студиите. Голем е бројот и на оние кои посетуваат академии како Академијата за програмирање во Brainster. Како и во секоја друга област, така и во програмирањето, за да успееш, треба да посветиш доволно време на учење и континуирано вежбање. Програмирањето нуди широк спектар на области во кои можеш да се надоградуваш и не е задолжително да бидеш добар во секоја од нив. Еден од предусловите да успееш во некоја област е навистина да сакаш да научиш. Ако го сакаш тоа што го работиш, не би требало да имаш проблеми да ги совладаш препреките. Исто е и во програмирањето.
Уписите се во тек ? http://codepreneurs.co/