Ова интервју е дел од серијата успешни приказни на завршените учесници од Академиите за програмирање. Уписите се во тек. Види ја програмата на http://codepreneurs.co/
По интензивната програма на Академијата за Web Development, Саше стана асистент на Академијата и го создаде MoeCV.mk заедно со Бранко и Алмедин, инаку негов прв проект како програмер. Како да не сме горди на нашите студенти?
Саше, стана програмер преку 20 неделната Академија за Програмирање. Како си помина?
Life-changing искуство, стекнав нови пријатели за цел живот, запознав еден куп нови луѓе, научив работи што нормално би ми требале години и гледам поинаку на работите сега, општо за се. Напорни и супер интересни 5 месеци сè на сè (сакам пак хаха).
Зошто реши да станеш програмер? Со што се занимаваше пред Академијата за Web Development?
5 години работев логистика во фирмата Атлантик Трејд (фирма за продажба и дистрибуција на прехрамбени производи) поздрав до сите :). Исклучително пријатни и прекрасни луѓе.
За жал бев “заглавен” на истата работна позиција со години и немав можност да напредувам и работата веќе не ми беше предизвик.
После првата академија на Brainster дознав за нив, пребарав низ интернет и низ нивната фејсбук страна и одма аплицирав за наредната академија. Добив можност од Петар за разговор и после неколку интервјуа ме прими. 🙂 Тоа ми е најдобрата работа што сум ја направил во животот дефинитивно!
Како се станува програмер од почетник? Кои карактеристики треба да ги поседува секој иден програмер? Кажи ни некоја финта 🙂
Со многу многуу многууу учење 🙂 Почнав без никакво претзнаење за жал. Во мојата група имаше доста спремни момци и девојки 🙂 Веќе имаа доста големо знаење и мора да признаам тоа ми даваше мотив и ги гледав како конкуренција за да држам чекор со нив.
Карактеристики:
Желба за константно учење, пасија за работата, респект за дедлајнс, тимски играч, willingnes to research.
Финта:
Книгите, Youtube и Google нека ти станат најдобри пријатели, барем јас учев по 10-12 часови дневно за да дојдам до тука кај што сум сега.
MoeCV.mk е еден од твоите први големи проекти како програмер. Кој ти беше најголемиот предизвик?
Применувањето на сето знаење што го стекнав тие 5 месеци, но особено изгледот на различни уреди: мобилни, лаптопи, таблети итн. Сепак ова ми е првиот голем проект и тоа ми додаваше притисок, но притисокот е добра работа затоа што тогаш сфаќаме за што се сме способни. Тука беше и мојот тим и имав поддршка.
Што понатаму?Слушаме убави гласини, за што се работи?
Веднаш по завршувањето на академијата се здруживме со Алмедин и Бране, момци со кои имавме 5 месеци напорни предавања и кодиравме и до 05.00 часот сабајле и му го окупиравме Brainster на Петар (нека остане меѓу нас хаха) 😀 После МоеCV.mk сфативме дека добро функционираме заедно и сите имаме иста цел и визија и решивме да станеме тим. Работиме на 2 доста големи проекти но ќе слушнете за тоа понатаму.
Стана асистент на Академијата веднаш по завршувањето и им помагаш на инструкторите. Што значи оваа улога за тебе?
Професорите и инструкторите беа достапни за нас 24/7 и несебично ни кажуваа за нивните професионални искуства и знаења и ги споделуваа со нас (Поздрав до Александар Трајковски). Тоа што сум асистент многу ми значи, имам можност да им помогнам на идните програмери и да ги насочувам исто како мене што ми помогнаа. Морам да кажам дека е поинаку од другата страна на столчето но го користам сето искуство и знаење за да им пренесам на студентите како би се надградувале и напредувале.
Треба да вложуваме во себе затоа што?
The simple truth is this and only this: Секогаш кога учиме нешто ново или пробуваме нешто поинакво-дали тоа е патување на некое ново место, учење на некоја нова вештина, или посетување на некој курс ги збогатуваме нашите животи “неизмерно”. Сите овие работи ни помагаат да се развиеме и надоградиме креирајќи не во најдобрите верзии што можеме да станеме и тоа е непроценливо!
P.S: Петар Ниновски и неговиот Brainster им ги сменија животите на многу луѓе и допрва ќе им ги сменат на уште доста луѓе верувам. Сите вие кои сакате промена во животот Brainster дефинитивно е идејата и промената што ви треба! 🙂
Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za programiranje skopje, академија за програмирање скопје, академија за кодирање.