Без разлика на индустријата, во денешно време сите front-facing работни улоги, користат маркетинг. Јане од Embed Social, преку искуството стекнато од работата на три континенти, на Академијата ќе држи работилница за Business to Business маркетинг.
Апликациите се во тек. Види ја програмата тука.
Во моментов работиш како Growth & Customer Success Manager во Embed Social – еден од најуспешните македонски стартапи. Што точно работиш и како изгледа еден твој работен ден?
Секој ден е различен и искрено тоа ни дава голема желба за работа. Во принцип обврските произлегуваат од целта која што ја утврдуваме и ревидираме во текот на годината. Понатаму тоа се обидуваме да го поделиме на неделни спринтови со различни активности кои што нè водат до целта. Истовремено имаме тековни активности кои се исти по природа како што се корисничка подршка, демо презентации за потенцијални или постоечки корисници и слично.
Дали би рекол дека тоа што го работиш е маркетинг?
Да, сакаме да веруваме дека секоја активност е маркетинг. Во денешно време, без разлика на индустријата сите front-facing работни улоги повеќе или помалку користат маркетинг. Тоа може да се забележи преку трендови како што се групирањето на податоците во еден софтвер со цел да се има унифициран преглед на моменталната состојба. Тоа овозможува и тие улоги што не се 100% маркетинг како customer support, customer success/account management, sales да бидат во синхронизација со маркетингот. Пример Intercom, со него сите активности можат да се извршат, а повеќе од нив да се автоматизираат.
Си живеел и работел на три континенти. Како би ја споредил B2B комуникацијата во Јапонија, Америка и Македонија и што е она што апсолутно треба да се применува и овде?
Америка е најнапред во секој поглед. Луѓето се одговорни и имаат желба да бидат најдобри во тоа што го работат. Поради тоа се трудат да знаат точно што сакаат и знаат зошто тоа го прават. Комуникацијата во B2B најмногу зависи од типот на индустрија и вредноста на услугата/производот за која што се разговара. Во Америка најнормално е да се користат услуги со висока вредност без притоа да има потреба од додатни прашања. Претпоставката тука е дека сите информции се достапни на website, со други зборови, дизајнот и текстот се во насока на „тоа е тоа што го барав“. Од друга страна во Јапонија е различно, таму повеќе се бара личен контакт, се гледа во која општина е регистрирана компанијата, во која банка има сметка и уште многу други работи спецификации врзани за тој пазар. Во таа насока нема one size fits all. За кај нас искрено не сум сигурен кое ниво е стигнато во нашите компании бидејќи не работам на МК пазар од 2013. Мислам дека сме добри и има доста потенцијал, јас би препорачал да размислат што сакаат да постигнат, кој им е таргетот и да ги искористат сите модерни алатки, има премногу и доста од нив се бесплатни.
Во Embed Social имате импресивно портфолио. Работите со клиенти како Tomorrowland, Hard Rock Cafe, Harvard… Кои се главните вредности на компанијата, заслужни за успехот?
EmbedSocial постои веќе 3 години и драго ми е што сум дел од оваа приказна. Успехот се должи пред сè на многу работа и заемно почитување. Цел наш тим дише како едно и веќе се познаваме добро. Тоа ни дава самодоверба и сила да продолжиме со исто темпо и желба бидејќи сите работиме за доброто на компанијата. Имаме искуство меѓутоа уште поважно немаме страв да пробаме нешто ново, да експериментираме, да научиме нови вештини.
Дел од твојата работа вклучува стратегија. Дали тоа се учи или си доаѓа со искуство?
И двете. Цело време си во loop. Најголемиот bias е исуството бидејќи тоа што работи денес не значи дека за утре ќе биде доволно. Затоа мораме да учиме константно. Во таа насока, стратегијата помага бидејќи дава насоки кон кои што треба да се движиме. Без неа сите одлуки би биле случајни, а успехот среќа.
Од неодамна на наше задоволство си дел од тимот на инструктори во Brainster. На Академијата за маркетинг ќе држиш работилница за B2B Marketing Frameworks. Што се најважните вештини кои ќе ги научат учесниците?
Благодарам на поканата, и мене ми преставува чест да сум дел од вашата Академија. Чуствувам голема одговорност и желба да ги пренесам главните работни принципи, човечки вредности и вештини на идните учесници. И јас пред 6 години направив career-switch од финансии на ИТ и ги разбирам и им се восхитувам на сите кои сакаат да сменат професија или да научат додатни вештини. Накратко, ќе научат да веруваат во себе, да бидат реални, и најважно да бидат среќни во тоа што ќе го работат.
Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек.