Во рамките на Академијата за програмирање, Горан беше дел од тимот кој ја создаде мобилната апликација komunicira.me, апликација за инклузија на лицата со оштетен слух. Прочитај за неговото искуство и што значи како почетник во програмирање да изработиш апликација за одреден социјален проблем.
Идејата е секој да работи на реален проект додека учи да програмира. Уписите се во тек: http://codepreneurs.co/
Здраво Горан! Кажи ни нешто повеќе за тебе.
Додека живеев во Македонија имав неколку работни места, се до моето заминување за Америка. Таму поминав неколку години. По враќањето од Америка ги завршив курсевите за продажба на авио билети IATA и Аmadeus. Бев вработен во туристичка агенција меѓутоа не ја гледав иднината во таа дејност и решив да почнам со курсеви за моја надоградба.
Љубовта кон компјутерите ми се појавуви уште на мали нозе благодарение на бројните видео игри кои ги играв како дете. Уште се тука за повремена релаксација 🙂
Зошто се одлучи да бидеш дел од Академијата за програмирање на мобилни апликации?
Како љубител на компјутери, исто така ме интересираат и мобилните телефони, и мојата одлука за запишување на Академијата за Андроид програмирање беше лесна преку вкрстување на моите два најголеми интереси. Пред посетата на Brainster посетував и краток курс за Android програмирање.
По неговото завршување на вашата страница ги видов Академиите за мобилни апликации кои траат 6 месеци. Решив да се пријавам и по неколку интервјуа со Петар еве ме со далеку подобро и поголемо познавање во Android програмирање. Сето тоа благодарение на севкупната програма, изведба и нормално квалитетот и посветеноста на инструкторите од оваа академија.
Беше дел од тимот кој работеше на апликацијата komunicira.me. Кој e најголемиот предизвик со кој се соочивте?
Најголем предизвик? Ги имаше многу, меѓутоа најголемиот беше се уште малото искуство кое го имаме во работа на проекти кои се пласираат во јавноста. Дали ќе се прифати дизајнот, функциите како и севкупната изработка беа прашања што цело време си ги поставувавме, се до пуштањето на самата апликција во јавност. Меѓутоа и покрај тоа што ова ни беше прва апликација која беше поставена на Play Store, сите бевме задоволни од крајниот производ, иако секогаш има простор за подобрување. За кратко време апликацијата беше споделувана на сите социјални мрежи и фидбекот од јавноста беше одличен, што не прави особено горди како тим.
Како до целосно функционална мобилна апликација? Има некоја тајна?
Ова е тема која што може да се разгледува од две страни. Најважно е тимот да е добро организиран и посветен на работата, бидејќи за еден програмер е неизбежно да се сретне со одредени грешки (bugs) при програмирањето. Како идни програмери, учиме постепено од секој наш код, за следниот пат да бидеме уште подобри.
Кој е патот што треба да го изоди секој почетник – програмер?
Па, според мене добар почеток би било доколку заинтересираните се запишат на некоја од Академиите на Brainster, меѓутоа самото запишување не значи дека работата е завршена. Постојано следење на наставата и секојдневното вежбање дома ќе мора да ви влезат во навика, бидејќи претставуваат соодветен начин солидно да се сфати и научи оваа тематика.
Понатаму се се заснова на искуство, кое се потпира на многу труд и работа, за што се надевам дека идните програмери ќе бидат мотивирани.
На какви проекти сакаш да работиш во иднина?
По првиот успешен проект, знам дека ќе следат уште многу нови. Знам дека со вложениот труд, по завршувањето на Академијата ќе ја најдам посакуваната работна позиција. Да, сметам дека потребна ми е пракса и надоградба на ова поле и би сакал да одам во некоја компанија што би ми го понудила тоа. Во светот на програмирање мобилни апликации можностите се бесконечни