Приказната на Марија Крстева од Академијата за програмирање

Нашиот тим постојано расте. Овој Brainster за кодирање заврши на Академија за програмирање и е спремна за нови иновативни проекти. Запознај ја Марија Крстева!

Кажи ни нешто за тебе!:)

Geek-че што отсекогаш обожавало компјутери. Првично љубовта спрема компјутери ми се разви преку видео игри, но сега еволуираше во потреба да дознаам како функционираат. Освен тоа сум огромен љубител на животни, и секој слободен момент гледам да го поминам со добра серија, филм или пеење на Disney песни.

Што работиш во Brainster моментално?

Моментално сум администратор на веб страни во Brainster. Изминатиов месец го поминав работејќи на нова платформа која набрзо ќе бидете во можност да ја погледнете. Исто така сум асистент на Aкадемијата за Full- Stack Web Development. На новите учесници им помагам да се стекнат со потребното знаење за да станат успешни веб девелопери! 🙂

Беше дел од Codepreneurs. Сподели го искуството, како си помина? ?

Би лажела ако кажам дека не беше напорно 🙂 Сепак самата атмосфера на часовите и односот на предавачите спрема нас ми помогнаа да не го почувствувам заморот. Запознав многу различни луѓе со кои се уште се дружам и соработувам. Целата академија беше едно многу пријатно искуство кое ми го смени животот и не би го заменила за ништо.

Зошто реши баш на овој начин да учиш да програмираш?

Тоа што најмногу ме привлече кај Brainster беше што се учи од луѓе кои се лидери во своите полиња и се во тек со најновите технологии. Програмите постојано се приспособуваат кон новитетите и потребите на пазарот. Ми се допадна тоа што на крај се прави реален проект за кој требаше да го употребам целосното знаење од академијата, што придонесе да се доусовршам и ми помогна да согледам на која област треба да посветам повеќе внимание.

Сега си асистент на новите групи за кодирање. Што е најважно за успешно совладување на материјалот? ?

Редовност на часовите, активно слушање и вежбање во слободно време. Академиите се брзи, а материјалот е обемен и предавањата се константно поврзани меѓу себе. Предавачите секогаш даваат добри tips and tricks за како се користат работите во секојдневниот живот и даваат совети за тоа што се очекува од вас во иднина. Но доколку не се одвојува време за вежбање, се друго е залудно. Логика не се развива само со слушање, а таа е најпотребна. Сепак, за голем дел од посетителите на академиите ова е прв пат да се соочат со светот на програмирањето. И иако е напорно сепак мислам дека најважното нешто за успешно совладување на материјалот е упорноста.

Што би им препорачала на почетниците програмери за успешна кариера?

Google is your best friend. Без разлика дали програмирате 1 месец или 10 години, баговите се секојдневие на програмирањето. Не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. На почетокот најважно е да си ја развиете логиката. Пробувајте сами да стигнете до решението на проблемот т.е немојте само да копирате нечив код. Без разлика колку туторијали ќе изгледате или статии ќе прочитате, најважно е колку сте сработиле. И не заборавајте – секогаш можете да се потпрете на вашиот најдобар пријател 😀

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја целата програма тука.

 

Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera, вработување, vrabotuvanje, дигитален маркетинг. digitalen marketing, кариера, нова кариера, работа, обука за маркетинг . obuka, obuka za vraboteni, biznis, бизнис. kurs za marketing, obuka za marketing, covecki resursi, човечки ресурси. академија за програмирање, akademija za programiranje, програмирање, кодирање. akademija za kodiranje, кадемија за кодирање, codepreneurs.

Како до 1.000.000€? 🤫