Замисли образованието да е базирано врз работа на проекти наспроти меморирање на факти?

На новата Project Based Learning Академија за iOS програмирање на мобилни апликации на Brainster и CodeWell, учесниците ќе научат да програмираат преку работа на реални продукти. Преку 16 неделната Академија која започнува на 16ти април учесниците целосно ќе изработат 3 мобилни апликации кои ќе служат како референца за нивното идно вработување и ќе ја лансираат својата нова кариера како програмери. Дел од проектите ќе помагаат во решавањето на некој општествен проблем од типот на Komunicira.me

Со оваа програма, прва од овој тип во Македонија, ќе ја затвориме празнината помеѓу она што учесниците го знаат и она што го можат.

Студентите самостојно ќе смислуваат иновативни решенија, а во исто време ќе бидат носители на процесот на градење комплетна и функционална iOS мобилна апликација. Покрај финалниот проект, учесниците ќе имаат неделни предизвици и мини проекти за време на програмата. Главен инструктор на академијата e Мартин Анчевски, еден од основачите на компанијата CodeWell и главниот технички експерт заслужен за спроведување на многу успешни проекти.

%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%b8%d0%bd-%d0%b0%d0%bd%d1%87%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8
За потребите на оваа академија е обезбедена целосно опремена лабораторија со iOS development workstations со чија помош ќе работат на проектите. Селекцијата на кандидатите започнува на 1ви Март, а групата ќе биде составена од 15те најдобри учесници. Ако сакаш да бидеш дел од оваа академија, аплицирај тука.

CodeWell е интернационална компанија која нуди IT решенија и услуги со бескомпромисен квалитет и вредност за клиенти ширум светот, една од првите во Република Македонија специјализирана за изработка и развој на мобилни апликации. CodeWell е тим што има лансирано повеќе интернационални стартапи, меѓу кои е и “Letz” кој што на компанијата ѝ донесе значителен успех, подем и искуство. CodeWell има комплетирано повеќе од 100 успешни проекти, а дел од нив за Sony Music Entertainment, Heineken, Holland Casino, Raiffeisen Bank, T-Mobile и Vip.

%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%b8%d0%bd-%d0%b0%d0%bd%d1%87%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

Аплицирај тука за можност да бидеш дел од програмата.